CANON OPTICAL QUALITY
alt text goes here

ОПТИЧКИ КВАЛИТЕТ ОД CANON

Сите леќи за двогледи од Canon се дизајнирани и создадени во Canon користејќи сопствена препознатлива оптичка технологија за да уживате во идеално доживување при гледањето.

Извонреден квалитет за најдобар приказ

Оптиката за двогледи од Canon ја нуди најдобрата моќ за обработка, дури и при слаба осветленост - независно од доближувањето што ви е потребно.

Острина низ целата површина

Уживајте во прецизно и детално препознавање на субјекти благодарение на елементот за израмнување на полето што нуди неверојатно јасен приказ низ целата површина на сликата.

Edge to edge sharpness

Прецизни објективи од Canon

Оптиката за двогледи од Canon ја користи технологијата на нашите уникатни EF објективи за фотоапарати - 10x42L IS WP ги исполнува дури и стандардите на објективите од нашата престижна серија L. Правите линии изгледаат прави благодарение на позитивните карактеристики за изобличување на прецизната оптика од Canon.

Precision Canon lenses

Живописно доживување при гледањето

Уживајте во живописен приказ со голем контраст и прецизна рамнотежа на бои благодарение на Super Spectra слоевите за објективи што ги елиминираат привидните облици и одблесоците.

A vivid viewing experience

Прекрасни бои

Нашите врвни модели 18x50 IS AW, 15x50 IS AW, 10x42L IS WP, 10x32 IS, 12x32 IS и 14x32 IS се одликуваат со елементи за објективи од стакло со извонредно ниска дисперзија (UD) за одличен квалитет на боите што ќе ви помогне во прецизно препознавање на субјектите.

Beautiful colour

Пронајдете го совршениот двоглед за вас

Изберете го двогледот од Canon што најмногу ви одговара според тоа што ве интересира да гледате или според видот на производот.