Безбеден софтвер за PDF-документи за сите компании
Со Kofax Power PDF Advanced, вашата организација може да ја оптимизира продуктивноста и да го користи софтверот преку сите ваши мобилни уреди на безбеден начин, а притоа ќе ви помогне да работите сплотено и непречено на сите уреди и платформи.
Управувањето со информации е многу важно за успехот и репутацијата на деловното работење. Power PDF Advanced може да обезбеди реални деловни заштеди со придобивки во продуктивноста со документите, безбедноста и соработката.
Функциите што ги нуди Power PDF Advanced ќе ѝ овозможат на вашата компанија да работи како да е компанија од иднината, преку подобрување и заштитување на вашите работни процеси со PDF-документи со:
Интуитивно создавање на формулари за пополнување
Лесно скенирање на хартиени формулари и претворање на истите во интерактивни PDF-формулари со полиња, полиња за избор, полиња за потписи и многу повеќе.
Конверзија на датотеки без напор
Брзо и прецизно конвертирање документи од Word и други формати на датотеки во PDF-датотеки и обратно.
Алатки за соработка во реално време
Создавајте, уредувајте, коментирајте и обележувајте PDF-документи заедно со други корисници на истата мрежа.
Беспрекорна сигурност
Заштитете ја вашата компанија со централно управувана и обемна безбедност што имплементира забрани за пристап до документите и ги заклучува важните податоци.