Ажурирање на фирмверот вер. 1.21 за EOS R3 од Canon

Надградете го вашиот EOS R3 со нови функции и подобри перформанси и достигнете нови нивоа на креативност. Ажурирањето на фирмверот вер. 1.21 може да се преземе бесплатно и лесно да се инсталира за само неколку минути. [преземете тука]

Континуирано фотографирање до 195 fps со максимална резолуција

Фирмверот вер. 1.21 додава режим за фотографирање со приспособена голема брзина кој ви овозможува да ја зголемите брзината на континуираното фотографирање над 30 fps - дури до неверојатни 195 fps. 1 Тоа е совршено за откривање скриени детали кај објектите што се движат брзо, кои инаку не се видливи при стандардно фотографирање.

Стапката на слики може да се постави од 30 fps до 195 fps, а бројот на снимени слики во една серија од две до 50, во менито на фотоапаратот. На овој начин може да снимате датотеки од типот JPEG, HEIF и RAW со максимална резолуција, за да ја добиете потребната флексибилност независно од начинот на кој ќе фотографирате.

EOS R3

Full HD-видео со 240p

Освен неверојатните опции за 4K и 6K на EOS R3, фирмверот вер. 1.21 овозможува снимање во Full HD со неверојатна стапка на слики до 240p - идеално за исклучително јасни забавени движења што откриваат прецизни детали кај субјектите што се движат брзо.

240p Full HD video

Вградена алатка за спојување повеќе длабочини на поле

При мала длабочина на полето, EOS R3 може автоматски да го менува растојанието на фокусот додека снима серија слики. Кога ќе ги споите овие слики ќе добиете резултат со совршена длабочина на поле за сцената.

Со ажурирањето на фирмверот вер. 1.21, ваквата серија слики може да се спои во самиот фотоапарат, а вие ќе добиете совршен резултат веднаш по фотографирањето. Функцијата може да се користи и за прегледување на снимените содржини на самата локација за да дознаете што може да постигнете со нив при обработката по снимањето, а на тој начин ќе бидете сигурни дека сте го снимиле тоа што ви е потребно.

Алатката за спојување повеќе длабочини на поле е одлична за фотографирање одблиску или за макро фотографии, кога длабочината на полето е ограничена. Исто така, им овозможува на фотографите да трошат помалку време за обработка на сликите по снимањето од повеќе кадри и им овозможува брзо да го добијат саканиот резултат во самиот фотоапарат.

In-camera depth compositing

Обработка на RAW-датотеки преку Cloud

За да ви обезбеди најдобар квалитет на слика, ажурирањето на фирмверот вер. 1.21 ви овозможува да вчитувате и обработувате RAW-датотеки на image.canon cloud.

Потоа може да ги претворате во HEIF-датотеки или JPEG-датотеки додека се во Cloud, со помош на алгоритми за реконструкција и спојување со длабоко учење и алгоритми за намалување шум предизвикан од големи вредности на ISO. Резултатите се неверојатни, со помалку артефакти во површините со многу детали и со помалку шум на слика кога фотографирате со голема вредност за ISO.

RAW file processing in the cloud

Снимање професионални видеоснимки со забрзани движења

EOS R3 е одлична опција за снимање видеоснимки со забрзани движења: поставете го фотоапаратот да снима слики на интервал од две секунди до 99 часа 59 минути 59 секунди, за да добиете максимум 3.600 слики. На крајот од серијата, сликите се спојуваат за да добиете видеозапис со висока резолуција без да користите дополнителен софтвер. Фотографирајте безгрижно: во случај на прекин на напојувањето или празнење на батеријата, фотоапаратот ќе продолжи да фотографира од таму каде што застанал штом обезбедите напојување, без потреба од повторно поставување на поставките за снимање видеоснимки со забрзани движења.

Доближете се со допир на едно копче

Водејќи се по повратните информации што ги добивме од професионалците кои фотографираат со EOS R3, воведовме опција да можете да го доделите дигиталното отсекување со фактор 1,6x или соодносите на слика од 1:1, 4:3 и 16:9 на некое од приспособливите копчиња на фотоапаратот. Ќе можете да се доближите и да ги снимите далечните субјекти без да го тргнете фотоапаратот од око - идеално кога работите под притисок и сакате да добиете совршен резултат со самиот фотоапарат што брзо ќе го испратите на вашата агенција.

Get close at the touch of a button
  1. AE и AF со следење не се достапни во режимот за секвенцијално фотографирање со голема брзина. Максималниот број на снимени слики може да се постави до 50