Компактни дигитални

Canon IXUS 285 HS

Ставете стил и перформанси во вашиот џеб со овој IXUS со 12x зум – споделувајте без напор преку Wi-Fi и NFC.

Придобивки

  • Лесен и тенок IXUS кој можете постојано да го чувате со вас

  • Врвни Full HD видеоснимки со допир на едно копче

  • Поврзете се, споделувајте и снимајте далечински на едноставен начин

  • Добијте квалитет каков што заслужуваат вашите спомени

  • Играјте и експериментирајте со вашата креативност

Детални карактеристики

  • Стил кој овозможува носење во џеб

    Овој извонредно тенок и стилски IXUS со метално куќиште е практичен за носење каде и да одите, а се одликува со флексибилен и извонредно широк објектив од 25mm со 12x оптички зум и 24x ZoomPlus, за да можете лесно да го доловите секој момент, блиску или далеку, со фотографии и видеоснимки со врвен квалитет. Автоматското зумирање ви помага да го изберете најдобриот кадар со допирање едно копче.

  • Веднаш почнете да снимате Full HD видеоснимки

    Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање едно копче, можете да снимате одлични Full HD видеоснимки (1080p) во MP4 формат без напор. Уживајте во креативни опции за снимање видеоснимки со оптичкиот зум и добијте остри и стабилни резултати со помош на динамичката стабилизација на сликата.

  • Брзо поврзување

    Поврзете го вашиот компатибилен паметен уред со еден допир преку Wi-Fi со динамички NFC за едноставно споделување. Користете ја услугата за синхронизација на слики за автоматски да направите резервна копија од новите слики во услугите Cloud и снимајте одлични групни фотографии со функцијата за безжично далечинско фотографирање преку паметниот уред. Копчето Wi-Fi нуди брз и едноставен пристап до функциите за Wi-Fi.

  • Врвен квалитет

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет - дури и при слаба осветленост - благодарение на CMOS сензорот со 20,2 мегапиксели и процесорот DIGIC 4+. Интелигентната оптичка стабилизација на сликата ви овозможува да добиете остри фотографии и стабилни видеоснимки во секоја прилика, а големиот LCD екран од 7,5 cm (3,0”) овозможува лесно снимање и репродукција.

  • Креативност без напор

    Допрете го копчето за активирање на блендата и функцијата за креативни снимки автоматски ќе ја анализира сцената и ќе создаде 5 дополнителни уникатни слики од оригиналната снимка. Приближете се и снимајте неверојатни секојдневни детали со макро од 1 cm или, пак, само насочете и фотографирајте со хибридниот автоматски режим и оставете го фотоапаратот автоматски да создаде забавен и краток видео преглед на денот во HD (720p).

Спецификации

  • 12x оптички зум со интелигентна стабилизација на слика

  • Зумирајте до 24x со одличен квалитет

  • CMOS сензор со 20,2 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • 1080p видео снимки

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Интелигентно уредување на видео албум со еден допир

  • 6 различни слики од една снимка

  • Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат IXUS 285 HS

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење