ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

Ден поминат во фотографирање во придружба на професионален акционен спортист

Младата фотографка Deborah поминува ден исполнет со акција со амбасадорот на Canon, Jean-baptiste Liautard, и го снима секој миг од возбудливата авантура во планинарски велосипедизам.
Canon Camera

Замрзнувањето динамичко дејство може да биде тешка задача кога започнувате да се занимавате со фотографија. Кои поставки на фотоапаратот треба да ги користите? Како треба да фокусирате со објективот? Со кои техники ќе добиете остри резултати?

Deborah, млада фотографка и љубител на акциони спортови од Лион, Франција, ја интересираа неколку работи.

„Тешко ми оди фокусирањето и обликувањето на кадарот“, вели таа. „Сакам да ги совладам правилните техники за снимање остри субјекти и да научам како да го изберам совршениот агол кога снимам движење.“

За да ѝ помогнеме на Deborah да ги унапреди своите вештини за снимање движење, ја поврзавме со амбасадорот на Canon и фотограф на планински велосипедизам Jean-baptiste Liautard (Jb) во прилика за снимање акробации со францускиот спортист во екстремен планински велосипедизам, Jéremy Berthier.

Jb најчесто снима со EOS R5 од Canon, но за да ви докажеме дека не ви е потребна професионална опрема за да снимате фотографии со професионален квалитет, им дадовме да ги користат EOS RP од Canon и објективот RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon.

Дознајте како Deborah се справи со предизвиците и прочитајте ги професионалните совети за снимање движење на Jb.

1. Комуницирајте со субјектот

Тројца луѓе на дрвена платформа гледаат фотографии на фотоапарат EOS RP од Canon од коишто двајца седат, а третиот носи кацига, стои и истовремено држи планински велосипед.

За да постигнете најдобри резултати мора да поразговарате за сите аспекти со субјектот. „Целта на овој тип на фотографија е да се прикаже дејството во најдоброто светло“, вели Jb. „Ако спортистот скокне четири метри во висина, а на вашата фотографија изгледа како да скокнал еден метар, тоа не е добра фотографија од движење. Фотографијата е можеби добра, но велосипедистот нема да биде задоволен, а на крајот треба да се задоволни сите.“

Фотографија од силуета во темна сенка прикажана на екран со променлив агол на фотоапарат EOS RP од Canon.

Jb ја советуваше Deborah да го води субјектот, односно да му кажува каде да гледа и што да прави. „На овој начин имате целосна контрола, дури и кога дејството природно си тече. За да можете да ја направите саканата фотографија, важно е да ги контролирате ваквите ситни детали“, вели тој.

„Ако вашиот фотоапарат нема голема брзина на континуирано фотографирање, ќе треба да го притиснете копчето за блендата во точниот момент“, вели Jb. „Од овој аспект, добро е да знаете нешто повеќе околу спортот. Разговарајте со велосипедистот, информирајте се за трикот што ќе го изведува, колку високо ќе скока и од кој агол смета дека движењето ќе изгледа најдобро.“

Deborah се согласува: „Jb ми објасни дека комуникацијата со луѓето со коишто соработуваме е многу важна бидејќи треба да си ги знаеме очекувањата. Најтешкиот дел од снимањето ми беше брзината на субјектот. Проблемот го надминав со анализирање на пробите на Jéremy коишто ми помогнаа да сфатам кога треба да го притиснам копчето за активирање на блендата при следниот обид.

Искористете ги предностите на технологијата што ја нуди вашиот фотоапарат. Комбинацијата од добра комуникација со субјектот и најбрзата погонска поставка на фотоапаратот ќе ви овозможи подобра шанса да го доловите моментот кога сите елементи ќе се соединат во одлична фотографија од движење. „Особено е важно да ја имате флексибилноста да снимите серија снимки коишто можете ќе да ги споделите со спортистот и од коишто ќе го изберете најдобриот кадар бидејќи положбата и движењето треба да им се допаднат и на двете страни“, вели Jb.

2. Контролирајте колку што можете повеќе елементи

Планински велосипедист изведува скок додека се спушта по стрмен пат.

„За ова снимање го замолив Jéremy да облече жолто-кафена облека бидејќи добро се вклопуваше во позадината“, вели Jb. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, со избрани 1/2500 сек, f/1,8 и ISO 200. © Jean-baptiste Liautard

Можеби не можете да го контролирате времето, но потрудете се да ги испланирате останатите аспекти од снимањето“, вели Jb. „Обидете се да ги предвидите можните проблеми и да контролирате колку што можете повеќе елементи. На пример, врнеше силен дожд неколку денови пред снимањето поради што одразот на еден од скоковите беше преслаб. Проблемот го решивме со копање дупка во насипот во којашто запаливме оган за да може да се исуши земјата во следните неколку часа.“

Еден од аспектите при фотографирањето акциони спортови што може да се контролира е изборот на облека на велосипедистот. „Обидете се да користите бои коишто се надополнуваат или создаваат контраст. Ако позадината е зелена, можете да употребите црвени или бели алишта за да го истакнете велосипедистот.“

3. Поставете голема брзина за блендата

Планински велосипедист изведува висок скок во висина на шумскиот појас во близина.

За да снимите чисти детали при фотографирањето спортисти во движење, неопходна ви е бленда со голема брзина. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon со избрани 52mm, 1/1000 сек., f/7,1 и ISO 1250. © Jean-baptiste Liautard

Поставувањето соодветната брзина за блендата беше од клучно значење во ова снимање. „Планинарскиот велосипедизам е најверојатно еден од најбрзите спортови за фотографирање“, вели Jb. „Тркалата се вртат пребрзо и тешко е да снимите чиста фотографија од спиците ако брзината на блендата е помала од 1/800 сек. Ако имате доволно светлина, би ви препорачал да користите брзина од најмалку 1/1000 сек.“

Поставувањето на толку голема брзина за блендата при намалено осветлување може да е проблематично, но со „брз“ објектив со голема максимална решетка како RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon ќе имате повеќе можности. „Можеби ќе треба да бидете флексибилни со решетката и ISO за да добиете добра експозиција при голема брзина на блендата“, објаснува Jb. „Ако некогаш сакате да добиете помалку заматена позадина, нема да сакате да снимате со максимална решетка во услови на слабо осветлување. Во овој случај, ако ја зголемите вредноста за ISO, ќе можете да го замрзнете движењето.“

И покрај ова, за постигнување најдобар квалитет на фотографиите, Jb препорачува да се користи што е можно помала вредност за ISO, поради што Deborah започна да снима со ISO од 100. „Потоа, одбрав поголема брзина за блендата“, вели таа. „А ги прилагодив и решетката и ISO за да ја добијам саканата експозиција.“

4. Изберете го правилниот режим за фокусирање

Една од најтешките задачи при фотографирањето спорт е да успеете да го фокусирате спортистот којшто брзо се движи. Jb вели дека иако фотоапарат со брзо автоматско фокусирање е честопати незаменлив при снимањето движење, рачното фокусирање ќе ви овозможи доследни резултати кога снимате спортско движење коешто е предвидливо и се повторува.

„Кога сте запознаени со спортот и знаете точно каде ќе биде велосипедистот во моментот на највисоката точка од трикот, можете рачно да го заклучите фокусот на објективот за конкретната точка“, вели тој. „За да ви биде полесно, замолете ги да застанат во положба под местото каде што ќе биде трикот, а потоа зголемете ја сликата од приказот во живо за 10 пати за да можете точно да ги фокусирате.“ Фокусното растојание помеѓу дејството и објективот не би требало да се смени ако фотоапаратот остане под истиот агол поради што и фокусот ќе остане непроменет. Но ако го навалите нанапред фотоапаратот, фокусното растојание ќе се смени и ќе настане дефокусирање ако длабочината на полето е мала.

„Ако движењето е непредвидливо, како во случајот со планинскиот велосипедизам со спуст, препорачувам користење на автоматскиот фокус servo.“

Deborah вели дека ѝ требале неколку обиди додека да успее да сними фотографии со остар фокус бидејќи не била запознаена со техниката. „Пред да започне трикот, го поставив автоматскиот фокус на предмет којшто беше на истото растојание на коешто очекував дека ќе биде и Jéremy во највисоката точка од трикот, а потоа го префрлив објективот на рачно фокусирање за да ја задржи истата положбата“, објаснува.

5. Искористете ја ситуацијата во своја корист

Планински велосипедист изведува скок на сончев ден, а во преден план од фотографијата се гледа трева.

Со користење на објективот RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon со максимална решетка од f/1,8, тревата пријатно го обликува кадарот за скокот на Jéremy. Фотографирано со EOS RP од Canon со избрани 1/4000 сек, f/1,8 и ISO 100. © Jean-baptiste Liautard

Jb ѝ ја посочи на Deborah важноста на донесувањето брзи одлуки кога работите не се одвиваат според планираното. „Ѝ објаснив дека сакам да имам детали во позадината на моите слики, како гранки и лисја, бидејќи внесуваат длабочина и тридимензионален изглед“, вели тој. „Сакав да снимам низ трева, но беше прилично ниска, а пред скоковите имаше и ограда којашто ќе го попречеше кадарот ако снимав од низок агол. Затоа, скинавме трева и ја држевме пред објективот.“

Ова беше нова техника за Deborah. Иако е очигледно решение, пред ова снимање немав пробано да користам трева или дрвја за да ги сокријам деталите коишто не сакам да се гледаат на фотографиите или за да создадам подобра композиција“, објаснува таа. „Jb ме охрабри да го истражам целиот простор додека да го најдам совршениот агол и да не се потпирам на уредување на фотографиите, туку да го искористам и менувам опкружувањето во своја корист пред да ја снимам фотографијата.“

На крајот, Deborah направи неколку одлични фотографии од акционен спорт, а се надеваме дека советите на Jb ќе ви помогнат и вам при фотографирањето на акробации.

Усовршете ги вашите фотографии од движење со напредните техники на Jb*.

*Достапно само на неколку јазици.



Напишано од Marcus Hawkins

Слични производи

Слични статии