Времето за коешто блендата на вашиот апарат е отворена се мери во секунди, а доста често и во делови од секундата. За да го замрзнете предметот што се движи во конкретен момент, блендата треба да е отворена многу кратко време. За да постигнете креативен ефект на заматување, блендата треба да остане отворена малку подолго. Снимено со EOS 90D од Canon и објектив EF 400mm f/2.8L IS III USM од Canon, со избрани 1/5300 сек., f/7,1 и ISO 2500. © Markus Varesvuo, амбасадор на Canon
Од деца и миленичиња што си играат во градината, до пејзажи со водопади, акциони спортови и многу повеќе, фотографијата ви дава можност да го снимите животот во движење на само една фотографија.
Како фотограф, имате две можности. Можете да го замрзнете движењето за да доловите конечен момент или да го заматите движењето за да создадете чувство на движење и брзина. Вашиот фотоапарат од Canon е опремен со технологија којашто можете ја користите и за двата пристапи, како што ќе објасниме тука.