ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Фотографирање движење: совети од професионалец
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
Отворен простор
Тивката убавина на снежниот пејзаж, возбудата од скијачите кои се спуштаат по патеката... Не уживајте само во еуфоријата на зимските светови туку и документирајте ги засекогаш со овие најдобри совети за фотографирање од професионалниот фотограф за зимски спортови и амбасадор на Canon Richard Walch.
Како што знаете, доколку сте се обиделе да снимите снежна сцена прекриена со сончева светлина, потребни се подобри вештини покрај насочувањето и снимањето за да добиете совршена зимска фотографија. „Каде и да одите, најважно е да почекате да наврне нов снег и да има сино небо за да тргнете по планината со вашиот фотоапарат“, вели Richard.
Тука ги споделува своите совети за подобро фотографирање на скијачките патеки за време на оваа сезона на скијање - од избирање соодветен фотоапарат за зимските одмори па сè до најдобрите подесувања за автоматско фокусирање со кои ќе ги доловите случувањата.
„Кога ќе појдете кон скијачките патеки треба да понесете моќен и компактен фотоапарат“, вели Richard. „Ќе ви треба визир бидејќи на планините најчесто е премногу светло за да го обликувате кадарот само преку екранот. Ако сакате да фотографирате динамички спорт, тогаш ви треба фотоапарат со брза стапка на слики - било кој со брзина над пет слики во секунда.
„Овие предуслови ги исполнуваат EOS M50 од Canon и EOS M5 од Canon. И двата имаат моќни APS-C-сензори за снимање слики со остри детали и Dual Pixel CMOS AF за брзо и прецизно фокусирање.
„Овие фотоапарати можете лесно да ги поврзете со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi. На тој начин ќе можете да префрлувате слики во телефонот дури и ако нема мрежна услуга на планината. Штом добиете сигнал на телефонот или Wi-Fi ќе можете веднаш да ги споделите сликите со светот преку социјалните медиуми.“
„Изгрејсонцето и зајдисонцето нудат прекрасни услови на осветлување за фотографирање на скијачките патеки. Меѓутоа, временските услови на планината тешко се предвидуваат и можат брзо да се променат. Ви препорачувам да се качите на планината колку што е можно порано - така однапред ќе бидете позиционирани за моментите со совршено осветлување.
„EOS M50 од Canon е одличен фотоапарат за работа во ситуации со слаба осветленост како што се изгрејсонцата и зајдисонцата. Неговиот процесор DIGIC 8 е многу напреден и ќе ви обезбеди одлични резултати доколку треба да ја зголемите малку повеќе вредноста на ISO за да го компензирате недостатокот на светлина. Обидете се да го користите со објективот Canon EF-M 32mm f/1.4 STM за да добиете слики со импресивни пејзажи.“
„За да спречите снегот да изгледа сив на сликите со многу бела боја, треба да почнете со определена комбинација на подесувања“, вели Richard. „Кога фотографирате субјекти што се движат брзо, тогаш треба да го „замрзнете“ скијачот или сноубордерот во кадарот за да спречите заматување на движењата“. Во двете ситуации, Richard препорачува да го поставите фотоапаратот во режимот M (Рачен), да поставите брзина на блендата од 1/2000 сек., решетка f/8 и ISO до 200.
„Во фотоапаратот треба да го изберете и режимот AI Servo AF за континуирано фокусирање. Целта е да го насочувате автоматскиот фокус, што значи дека треба да почнете да фотографирате веднаш штом го здогледате субјектот. Автоматскиот фокус учи со секој снимен кадар - открива од која насока доаѓа вашиот субјект и со која брзина се движи, а потоа предвидува каде ќе се сними следната слика. На фотоапаратот му се потребни две или три слики за да сфати што се случува. Сите фотоапарати од Canon имаат навистина одличен автоматски фокус.“
Кога работите со AI Servo AF, користете кратки серии на континуирано фотографирање за да избегнете исполнување на меѓумеморијата и успорување на фотоапаратот.
„Ако фотографирате нагоре кон планината таа ќе изгледа рамна. Секогаш треба да фотографирате од страна или малку под вашиот субјект.
„Најдобро е да избегнувате фотографии со позирање - секогаш треба да бидете набљудувач од страна, а субјектот да гледа во насоката во која скија или борда. Кога станува збор за портрети, или ќе снимате портрет од екстремно мала оддалеченост кога разговарате со личноста или ќе бидете незабележливи и ќе документирате што се случува. Не обидувајте се со други комбинации.“
„При влегување во затоплена зграда од ладните скијачки патеки, објективите брзо ќе се замаглат, па затоа е важно да ја чувате опремата надвор додека да завршите со работата. Понесете цврст ранец што ќе ја заштити опремата доколку паднете и солидни UVP-очила за да ги заштитите очите од сончевата светлина и одблесоците од сонцето.
„Исто така, ниските температури можат многу брзо да ги истрошат батериите на фотоапаратот, па затоа е најдобро да си носите две резервни батерии за да можете да работите цел ден. Ладните раце го отежнуваат ракувањето со опремата, па затоа не заборавајте да понесете топли ракавици со кои сепак ќе имате нормална подвижност!“
„Кога сончевата светлина ќе се пробие низ облаците, тоа е најдоброто нешто што може да се случи при фотографирање на планина. Меѓутоа, одблесоците од снегот може да предизвикаат прекумерна експозиција на сликите доколку не ги прилагодите правилно подесувањата на фотоапаратот.
„Најдобар начин за да спречите прекумерна експозиција во такви услови е рачно да ја поставите брзината на блендата на 1/2000 сек., решетката на f/8 и ISO до 200. Ако фотографирате во автоматски режим, не заборавајте да ја компензирате експозицијата од +1 до +3 чекори, инаку вашите слики ќе бидат премногу темни. Но, не треба да се плашите да фотографирате кон сонцето - така може да ги снимите најдобрите слики од зимските спортови.
„Снегот ќе го осветли одзади снегот што прска додека се движи вашиот скијач или сноубордер. Ако успеете да го позиционирате сонцето зад него, тоа ќе биде уште подобро. Објективите што ги користиме сега се многу моќни.
„Ако имате снег при рака, обидете се да фрлите малку во воздух и фотографирајте директно кон сонцето - ќе добиете прекрасен ефект.“
„Планирањето на совршениот планински автопортрет започнува пред да појдете на одмор. Зимските панталони и јакни со светли бои навистина се истакнуваат наспроти белата заднина и со нив може да добиете навистина убав автопортрет.
„Во поглед на композицијата, со прекрасната планинска верига ќе добиете импресивна заднина. За да добиете правилна експозиција, најдобро е сонцето да паѓа директно или странично врз лицето на субјектот. Ако сакате да фотографирате директно кон сонцето, тогаш ќе треба да користите блиц за да го осветлите лицето.“
Кога ќе успеете да снимите одлична слика во тешки услови, фотографирањето во зима предизвикува огромно задоволство. Штом ентузијастите за фотографирање ги совладаат овие совети на претстојниот зимски одмор, Richard им препорачува да продолжат со барање спектакуларни локации за следното фотографирање - места што не се за обични одмори и каде што може да се снимат импресивни слики.
„Европа е полна со фантастични места за фотографирање на скијачки патеки. Добро познатите резорти во Швајцарија и Франција се извонредни, но постојат и не толку познати места што не треба да се игнорираат“, вели тој. „Зошто не ја отпочнете вашата следна авантура на планината Елбрус во Русија или Акирејри во Исланд“.
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА
Фотографот за екстремни спортови Richard Walch за неговата мотивираност за снимање неверојатни слики од скијање и сноубординг.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА
Опрема за фотографирање при патувања за почетници, креатори на содржини и ентузијасти.