Направете нешто за прв пат.

Направете нешто за прв пат.


Сè е еднаш за прв пат: кога за прв пат ќе пробате ново јадење, прва посета на фестивалот, кога за прв пат со вашите пријатели го освоивте врвот на планината.
Доловете ги вашите искуства кога нешто ќе направите за прв пат со фотоапрататите од Canon и издвоите ги вашите авантури од просекот.
Барајте инспирација во нашите приказни и искусете го ова лето интензивно како никогаш порано!

Приказната за Милош Димковски - Прв пат во Охрид, европскиот Ерусалим

Милош Димковски за прв пат го посети Охрид во сета негова големина. Најмногу беше импресиониран од манастирите и црквите, па затоа не е изненадувачки што градот се нарекува и европскиот Ерусалим.

Милош Димковски - Прв пат во Охрид, европскиот Ерусалим

„Црквата Св. Јован Канео. Таа е една од најпознатите цркви во Охрид.“

Милош Димковски - Прв пат во Охрид, европскиот Ерусалим

„Наредниот ден за прв пат во животот решив да го посетам Заливот на коските. Иако имам слушнато интересни приказни за овој археолошки локалитет на праисториска населба на полуостровот и автокампот Градиште, дури пред некој ден имав шанса да стапнам на неговото тло.„

Милош Димковски - Прв пат во Охрид, европскиот Ерусалим

„Првиот ден одлучив да го прошетам стариот дел на Охрид, кој се наоѓа на надморска височина од 740 метри.“

Милош Димковски - Прв пат во Охрид, европскиот Ерусалим

Приказната за Милош Димковски - Милош Димковски за прв пат го посетил вулканскиот кратер кај селото Лесново. Освен што го посетил кратерот, тој уживал во сите други убавини на природата и манастирите, кои целосно го обзеле.

Милош Димковски за прв пат го посетил вулканскиот кратер кај селото Лесново. Освен што го посетил кратерот, тој уживал во сите други убавини на природата и манастирите, кои целосно го обзеле.

Милош Димковски – Прв пат на вулканскиот кратер

„Знаев дека пред 20-30 милиони години во западниот дел на Осоговските Планини имало кратер, и ете, конечно дојде денот да го засведочам со своето присуство. Додека стоев на лавичните карпи, жедно го впивав тивкото пространство каде по рамката на кратерот го забележав правецот на некогашното течење на лава.“

Милош Димковски – Прв пат на вулканскиот кратер

„Импресиониран од веќе виденото, се упатив спрема Лесновскиот манастир, изграден во 1343-та година, посветен на св. Арахангел Михаил и св. Гаврил на оддалеченост од еден километар од пештерите. Колку што ми е познато, не е точно утврдено кога живеел Гаврил Лесновски, а со тоа се надвиснува и мистеријата околу градењето на манастирот. Едните велат дека бил изграден за време на замонашувањето на св. Гаврил Лесновски, а другите, дека издигнувањето се случило по неговата смрт, откако се развил култот за подвижничкиот живот.“

Милош Димковски – Прв пат на вулканскиот кратер

„По ова патувањето продолжи во правец на Пехчево, каде налетав на шумски патчиња како од некоја епска фантастика, вегетација и тишина што будат стравопочит и простор што не ти дозволува да се одвоиш од него. Во текот на денот патот ме одведе до Црнодолски водопад. Од главниот пат до него пешачев околу 400 метри по патека исполнета со дрвени мостови, летниковци и разгранети дрвја кои засенуваат.“

Милош Димковски – Прв пат на вулканскиот кратер

Приказната за Милош Димковски – Продолжувајќи патување од 2014 година за прв пат

“Има периоди во животот кога сфаќаш дека сакаш некое ново доживување, новитет кој ќе те разбуди од дремката на постоењето и ќе те префрли во некаков поразличен концепт. Можеби не толку различен од претходниот, но доволно за провевот што влегува преку пукнатините да те вдахне со дополнителна енергија и помисла дека статус кво точката може да се промени.”

Приказната за Милош Димковски – Продолжувајќи патување од 2014 година за прв пат

„Не знам за вас, но за мене патувањето секогаш е медијаторот помеѓу она што сум сега и она нешто што ме чека таму и тогаш. 

Долго време размислував дали да продолжам со авантуристичките патувања кои ги започнав во 2014 година. Имаше моменти кога несигурноста дали чекорам по вистински пат внатрешно ме дестабилизираа и ја разнишуваа стекната самодоверба.“

Приказната за Милош Димковски – Продолжувајќи патување од 2014 година за прв пат

“Е па пред неколку недели решив да не се препуштам на општествените стеги, на дофрлувањата дека треба да станам сериозен и да се посветам на канцелариско тапкање во место, демек само така се заработувало, од 8 до 17 часот. Така, одеднаш, дојде време да се отвори нов простор во мојот живот, да се стапне на скалило, претходно никогаш зачекорено и да се раскаже уште една приказна.”

Приказната за Милош Димковски – Продолжувајќи патување од 2014 година за прв пат

“Кога нема велосипед, тогаш ќе се возиме во колички.”

Приказната за Милош Димковски – Продолжувајќи патување од 2014 година за прв пат

Следете нè нас на социјалните медиуми

Фацебоок