Canon PIXMA G2411
Компактен, сигурен и повеќефункционален печатач што се дополнува со мастило, идеален за домашна или канцелариска употреба со мастила за голема потрошувачка за продуктивно и економично печатење.
Компактно печатење, копирање и скенирање со голем обем
Овој повеќефункционален печатач за домашна и канцелариска употреба нуди ефикасност и разновидни опции и се одликува со шишиња за мастило за голема потрошувачка за економично и висококвалитетно печатење, копирање и скенирање документи и фотографии и со сигурност за работа со голем обем на страници на едноставен начин.
Неверојатно голем број на отпечатени страници
Добијте економично и продуктивно печатење со голем обем* до 12000 страници од 2 резервоари со црно мастило или до 7000 страници со употреба на еден комплет резервоари во боја.
Компактен, сигурен и повеќефункционален уред
Овој компактен сè-во-едно уред за печатење, копирање и скенирање е идеален за голем обем на печатење благодарение на неговиот долготраен систем на мастила FINE. Идеален за домашни или мали канцеларии.
Висококвалитетни отпечатени материјали
Печатете со висок квалитет благодарение на технологијата FINE и системот на хибридни мастила од Canon со црн пигмент за остри документи и базирани на боја за живописни фотографии без рабови со големина до A4.
Едноставно користење
Добијте брзо и лесно поврзување со вашиот компјутер преку USB и едноставно ракување благодарение на црно-белиот LCD екран од 3 cm (1.2”), кој овозможува лесно избирање на повеќе копии и контроли со притиснување на копче.
Креативно печатење
Печатете ги вашите фотографии на нови и креативни начини со софтверот за фотографии My Image Garden, кој овозможува препознавање на лица и лесно пребарување на сите слики во вашиот компјутер.
Спецификации
Печатење големи количини
Вградени резервоари со мастило
Хибриден систем на мастила
Печатење без рабови
Автоматско вклучување
Остар текст во црна боја
Снабдување со хартија од задната страна
1,2” LCD
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за печатење големи количини со мали трошоци - само додајте хартија или медиуми за фотографии.
Сè-во-едно печатач - PIXMA G2411
5 резервоари за мастило за голема потрошувачка
Кабел за напојување
CD-ROM за подесување
Упатства и други документи