© Ulla Lohmann

Ulla Lohmann размислувала за некоја слика 15 години. Таа слика ја снимил авантуристичкиот фотограф Simon Carter во 1995 година, а на неа имало „чуден столб од камен што изгледал многу слаб во средината на океанот“. Тој камен претставува тотемски столб со висина од 65 m што на чуден начин се извишува над водата во Cape Hauy, Tasmania.

Се наоѓа на југоисточниот врв на полуостровот Тасман, а Ulla го опишува како „место каде што завршува светот“. Последно парче земја пред пространиот и див океан јужно од Антарктикот.

Splinter of Rock
© Ulla Lohmann
Grasslands
© Ulla Lohmann

Овој висок камен претставува еден од најтешките предизвици за искачување и една од најинтересните награди во фотографирањето. За германскиот фотограф за експедиции Ulla, тоа прерасна во опсесија. Како за качување, така и за фотографирање. Да се освои и да се долови. „За мене тоа беше неверојатна авантура“ - вели таа. „Далечината, изолацијата, предизвикот за качување“.

Но, не беше привлечно само искачувањето. И професионалните инстинкти на Ulla ја привлекуваа кон тотемскиот столб.

„Како фотограф, сакав да доловам колку слабо изгледа овој камен - изгледа дека ќе падне во секој момент“.

„Со години гледав мапи и фотографии и сонував да го направам тоа еден ден. Затоа, кога ми се укажа можност, морав да ја искористам“.

Ulla се подготвуваше темелно. Како фотограф, одлучи да го користи EOS 5D Mark IV од Canon - фотоапарат што нуди комбинација од разновидни опции, перформанси и врвно инженерство.

„Нема можност за повторно фотографирање“ - вели таа. „Во дивината не можам да користам многу опрема. Ми треба еден фотоапарат што може да се користи за различни работи.“

© Ulla Lohmann

Беспрекорниот квалитет на слика и напредното фокусирање и мерење на 5D Mark IV ја елиминираат потребата да ги барате соодветните поставки, а неговото цврсто куќиште со заштита од лоши временски услови е неопходно за опкружувања со лоши услови.

„Како фотограф, работите во тешки услови и се обидувате да ги надминете своите граници“ - вели таа. „Во исто време треба да го извадите фотоапаратот и да снимите одлични слики. 5D Mark IV ги надминува границите на возможното“.

Ulla ги надмина своите физички можности додека се подготвуваше за тотемски столб, додека се качуваше по ѕидови, карпи и додека планинареше со сопругот Basti… и на крајот, таа беше подготвена да го реализира сонот. Сепак, уште на почетокот на искачувањето на тотемскиот столб, условите беа премногу лоши.

Достапна само преку спуштање со јаже од карпите на полуостровот Тасман, основата на каменот постојано ја удираат бранови, капки и ветер - а притоа нема очигледни места каде што може да стапнеш или да ја ставиш раката.

Tasman Peninsula Cliffs
© Ulla Lohmann
Tasman Alpine Cliff
© Ulla Lohmann

„Ќе погледнете и ќе си помислите: не можам да се качам таму“ - се присетува таа. „Многу сте блиску до океанот, брановите удираат, ветрот е силен и на почетокот сè се лизга. Нема триење и качувањето е многу тешко. Постојано сте мокри и со секое удирање на брановите станувате уште помокри, а тоа уште повеќе го отежнува качувањето“.

И покрај тоа, таа успеа да се искачи на несигурната карпа користејќи ги скриените вдлабнатини, малите пукнатини и сите други дупки или неправилни форми за да се придржи. Ulla полека се искачуваше нагоре, поминаа многу часови, а светлината почна да се намалува… и тогаш настана катастрофата.

Basti, кој го предводеше искачувањето, се лизна и го повреди стапалото. Додека ја проценуваа штетата, Ulla почувствува дека се оддалечува од реализацијата на својот сон.

„Рацете ми беа здрвени и дланките ми крвавеа - во тој миг едвај се држев“ - вели таа. „Дури и кога го следев Basti едвај се искачував, знаев дека сама нема никогаш да успеам. Згора на тоа, најтешкиот и најопасниот дел од искачувањето мораше да го поминеме во самрак. Сепак, не бев подготвена да се откажам - секогаш може да направите повеќе отколку што мислите дека можете“.

Leidenschaft
© Ulla Lohmann
Campfire
© Ulla Lohmann

Откако го преврзаа стапалото на Basti, одлучија уште еднаш да се обидат да стигнат до врвот. Конечно, со модринки, раскрвавена и со воспалени екстремитети, Ulla пристигна на врвот и - на крајот од петнаесет годишната опсесија - успеа да ја сними сликата што ја сонуваше.

„Погледнав надолу и го видов бурниот океан, а потоа погледнав нагоре за да го видам небото и ненадејно се почувствува многу слободна“ - вели таа. „Го исполнив сонот. Го остварив. По тешката борба успеав да стигнам на врвот.

„Германскиот збор за страст е „Leidenschaft“. Тој значи „реализација преку страдање“. Достигнувањето на границите на моите можности е тоа што ме прави да се чувствувам жива. Сакам да ги надминувам моите можности, а тотемскиот столб ми го овозможи тоа.“

The Totem Pole, од Ulla Lohmann. Освоен. Доловен. Прославен.

Напишано од Ulla Lohmann


Ulla Lohmann
Ulla Lohmann
Фотограф

Ulla објаснува зошто го избрала EOS 5D Mark IV од Canon

„Нема смисла да имате одлична опрема, ако не можете да извлечете максимум од неа. Фотографите имаат изрека: најдобриот фотоапарат е тој што го користите, а не тој што го чувате во торба. 5D Mark IV е дефинитивно фотоапарат што треба да се користи.

„Најважните карактеристики според мене, освен техничките спецификации, се заштитата од лоши временски услови и цврстината - треба да биде издржлив на тропски дождови, удари при искачување ѕидови, преголем студ или топлина… и досега фотоапаратот издржа на сите тестови што го подложив. Исто така, екранот на допир можам да го користам со ракавици - тоа е неопходно кога работам во поекстремни услови.

„За време на патувањето, големите ISO вредности на 5D Mark IV - што е мерка за чувствителност на светлина на фотоапаратот - навистина беа практични, но за следните причини: ја заборавив џебната ламба, но користејќи висока ISO вредност можев да го употребувам фотоапаратот како некој уред за ноќно гледање за да знам каде сум!“