ПЕЧАТЕЊЕ

Откријте го вашиот креативен потенцијал со апликациите за печатење и софтвер од Canon

Canon нуди многу решенија за печатење – за изработување колажи, административно печатење, промовирање на вашиот бизнис и многу повеќе. Дознајте која е најсоодветната опција за вашиот следен проект.
Лаптоп стои отворен на биро со софтверот Canon Easy-PhotoPrint на екранот, хартија од Canon од левата страна и печатач од Canon од десната страна.

Со печатењето можете да постигнете многу, почнувајќи од изразување на вашата креативност на нови и возбудливи начини, па сѐ до совладување на заостанатите административни документи. Canon нуди палета на апликации за печатење, како и софтвер, што ви помагаат максимално да го искористите вашиот печатач од Canon, без оглед на тоа дали се работи за важни деловни документи, уметност и изработување модели од хартија или за вдахнување живот во вашите драгоцени фотографии.

Меѓутоа, не секоја апликација е соодветна за секоја цел, ниту пак е компатибилна со секој печатач, па затоа, како да знаете која да ја користите? За да ви помогнеме да одлучите која апликација од Canon најмногу соодветствува на вашите потреби, го подготвивме овој практичен водич за да ве водиме низ различни задачи за печатење, како и апликациите и софтверот што ги прават полесни, побрзи и покреативни.

Совршено печатење фотографии: Canon PRINT

Таблет-уред со отворена апликација Canon PRINT стои врз печатач од Canon од кој излегува фотографија, а покрај него, на биро се распространети други фотографии.

Апликацијата Canon PRINT не е само за безжично печатење – може да се користи и за копирање и скенирање. Скенираните материјали може да се испратат директно до вашиот паметен телефон за да ги користите или споделувате како што сакате.

Компатибилни печатачи: модели Canon PIXMA и MAXIFY

Компатибилни уреди: iOS и Android

Прекрасно отпечатен материјал е најдобриот начин да изложите неверојатна фотографија. Исто така, лошо отпечатен материјал може да ја поништи напорната работа и креативноста што сте ја вложиле во вашите снимки, поради што е важно да се погоди кога ја претворате вашата збирка фотографии во физичко портфолио. Кога печатите фотографии од вашиот паметен телефон, апликацијата Canon PRINT претставува совршена алатка што ги претвора дигиталните слики во прекрасни уметнички дела. Можете да ја користите апликацијата за да го проверите статусот на печатачот и нивоата на мастило, како и да се осигурите дека отпечатените материјали секогаш излегуваат совршено.

Бидете креативни: Canon Creative Park

Дланка држи паметен телефон со апликацијата Creative Park отворена покрај голем број хартии и шаблони за изработување модели.

Canon Creative Park е идеалното место за секој што сака лично да изработува нешта. Без оглед на тоа дали создавате украси за роденденска забави, рачно направени божиќни честитки или само барате активност што можете да ја правите со вашето семејство на дождлив ден, апликацијата нуди многу дизајни.

Компатибилни печатачи: Поддржани модели Canon Inkjet

Компатибилни уреди: iOS и Android

Кога станува збор за изработување модели, вашата фантазија е единствената граница, но, корисно е да имате голем број ресурси на располагање за идеи и за отпечатување шаблони или дизајни. Апликацијата Canon Creative Park е станица за сите што сакаат да изработуваат модели од хартија, сами или со семејството. Со лесна навигација и пребарување, се одликува со повеќе од 4.000 бесплатни шаблони и дизајни, почнувајќи од картички до модели за оригами. Уште подобро, можете да уредувате и приспособувате дизајни, како и инстантно да ги печатите од вашиот печатач од Canon.

Пофалете се со вашиот бизнис: Canon PosterArtist

Постер за бизнис што се вика Maria's Cakes е закачен на ѕидот, логото на компанијата е поставено во центарот, а околу него има фотографии од торти.

Што и да прави вашиот бизнис, треба да се истакнува од конкуренцијата. Canon PosterArtist ви дава пристап до стотици професионално дизајнирани шаблони што можете да ги уредите со сопствени зборови и слики.

Компатибилни печатачи: модели Canon MegaTank, MAXIFY и PIXMA

Компатибилни уреди: компјутери macOS и Windows

Иако апликацијата Canon Easy-PhotoPrint Editor може да ви помогне да ги контролирате помалите административни задачи, за да го промовирате вашиот бизнис или себеси, Canon PosterArtist е подобриот избор. Веб-апликацијата ви дава пристап до илјадници бесплатни фотографии и идеи за дизајни што ќе ви помогнат да се истакнете.

Печатете постери, реклами и летоци за да го привлечете вниманието на нови потрошувачи, или, пак, знаци за да ги прикажете најновите понуди. Користете ги интуитивните алатки за уредување за да ги приспособите шаблоните и да создадете дизајни што го одразуваат вашиот бизнис и карактер. Можете и да генерирате QR-кодови – идеални за да им обезбедите на потрошувачите лесен начин да дознаат повеќе за вашите услуги.

Колажи, споменари и календари: Canon Easy-PhotoPrint Editor

Жена држи страница од календар пред печатач од Canon, додека Canon Easy-PhotoPrint Editor е отворен на лаптоп покрај неа.

Софтверот Canon Easy-PhotoPrint Editor е дизајниран за целото семејство. Опцијата за календари ви овозможува да дизајнирате сопствен календар, за да ги изложувате семејните фотографии во текот на целата година или да ги подарите како персонализиран подарок на вашите сакани.

Компатибилни печатачи: поддржани модели Canon PIXMA и за големи формати

Компатибилни уреди: iOS и Android; компјутери macOS и Windows

Ставете ги сите спомени со вашите сакани на едно место со тоа што ќе направите колаж или споменар со фотографии со помош на Canon Easy-PhotoPrint Editor на вашите паметни уреди и компјутери.

Со уредувачот на распореди и големиот број шаблони, можете да го користите Easy-PhotoPrint Editor за да дизајнирате колажи што можете да ги отпечатите, или, пак, да отпечатите налепници што можете директно да ги залепите во споменарот или на задната страна од вашата футрола за телефон. Исто така, можете да ја употребите апликацијата за да создадете календар со вашите омилени фотографии.

Името на апликацијата го содржи зборот „лесно“ (easy) со добра причина – Easy-PhotoPrint Editor е едноставна и практична, така што можете да се фокусирате на дизајнирање и печатење на вашите драгоцени спомени.

Олеснување на административните работи: Canon Easy-PhotoPrint Editor

Слика од апликацијата Canon Easy-PhotoPrint Editor што покажува опции за шаблони, вклучувајќи и визит картички, фотографии за документи за идентификација, споменари и колажи.

Canon Easy-PhotoPrint Editor нуди различни опции што можат да им вдахнат живот на вашите проекти, од визит картички до фотографии за документи за идентификација, па сѐ до споменари и колажи.

Жена ја користи апликацијата Canon Easy-PhotoPrint Editor на својот телефон додека седи на софа покрај насмеано бебе.

Можете да изберете слики и документи директно од вашиот уред, или, пак, од меморискиот простор на Cloud или сметките на социјалните медиуми, а потоа, едноставно уредете, персонализирајте и печатете.

Ако вашата листа со задачи изгледа пренатрупана, апликацијата Canon Easy-PhotoPrint Editor може да ви заштеди време и напор со тоа што ќе го забрза административното печатење со помош на палетата на шаблони. Ако само што сте започнале нов стартап, употребете го шаблонот за визит картички за вашето име да се прочуе, или, пак, шаблонот за фотографии за документи за идентификација за да ги средите значките на вашите вработени. Уредувате складирање? Можете да ги користите шаблоните за етикети за дискови од Easy-PhotoPrint Editor за да ги организирате вашите физички медиуми.

Поедноставување на работните процеси: Canon Easy-Layout Editor

Слика од Canon Easy-Layout Editor, со кутија од левата страна во која можете да ставите датотеки и опции вклучувајќи ги и Собирање и печатење, слободно распоредување и распоредување/постери од десната страна.

Canon Easy-Layout Editor е брз и лесен начин да соберете различни видови документи на едно место, што ви овозможува да комбинирате PDF-датотеки и слики на една страница.

Слика од Canon Easy-Layout Editor што прикажува слика од куче поделена на четири дела во опцијата за распоредување/постери.

Canon Easy-Layout Editor исто така се одликува со практична опција за распоредување/постери што ви овозможува да поделите слика во повеќе листови и да ја печатите како една голема слика.

Компатибилни печатачи: модели Canon Inkjet

Компатибилни уреди: компјутери Windows

Без оглед на тоа дали создавате флаери за важна презентација на работа или само сакате добро да ги организирате физичките документи, софтверот Canon Easy-Layout Editor за компјутери Windows ви овозможува да организирате PDF-документи, Word-документи, слики и веб-страници брзо и лесно, поради што нема потреба да печатите од повеќе апликации.

Со тоа што ви овозможува да подредите и организирате различни типови на датотеки и документи, Easy-Layout Editor ви помага да заштедите хартија и време со тоа што ќе ги ставите сите важни нешта на едно место.

Забава со мини сликички: Canon SELPHY Photo Layout

Телефон што ја прикажува апликацијата Canon SELPHY Photo Layout поставен на маса до пренослив печатач Canon SELPHY Square QX10 и украс за телефон со мониста.

Брза, интуитивна и лесна за користење, апликацијата Canon SELPHY Photo Layout совршено се комбинира со печатачите Canon SELPHY, како што е SELPHY Square QX10. Печатете ги вашите фотографии од паметен телефон директно од апликацијата, овозможувајќи оптимизација на сликата во движење за совршено балансирани отпечатени материјали.

Екран во апликацијата Canon SELPHY Photo Layout, со фотографија од куче од десната страна и опции за различни завршни обработки на печатењето од левата страна.

Апликацијата вклучува голем број завршни обработки и прекривни слоеви за да можете да ги приспособите вашите слики кон изгледот што го сакате.

Компатибилни печатачи: Canon SELPHY CP1500, SELPHY CP1300 и SELPHY Square QX10

Компатибилни уреди: iOS и Android

Ако користите еден од печатачите SELPHY од Canon, апликацијата Canon SELPHY Photo Layout за iOS и Android е идеална за уредување и забавување со вашите фотографии. Ви нуди голем број шаблони од кои можете да изберете, што ви овозможува да распоредите и отпечатите една или повеќе слики одеднаш – има и вертикален распоред за обележувачи, така што можете да направите сопствени обележувачи1.

Апликацијата, исто така, ви овозможува да ги приспособите вашите слики со текст, рамки и печати за вашите фотографии навистина да бидат уникатни. Можете да ја изберете завршната обработка од вашите отпечатени материјали за да го приспособите изгледот и чувството на конечниот производ, како и да отпечатите налепници за правење колажи или за приспособување на вашите технолошки уреди.

Апликацијата SELPHY Photo Layout ви овозможува да додадете QR-кодови1, со кои можете да поставите линк до веб-страница, онлајн албуми или видеозаписи. Ова е идеално кога им подарувате слики на семејствата и пријателите, бидејќи можете да ги изненадите со ризница од вашите омилени спомени. Како што би очекувале, апликацијата SELPHY Photo Layout се користи интуитивно и нуди брз и беспрекорен начин да печатите директно од вашиот паметен телефон кон печатач SELPHY.

Додавање карактер: Canon Mini Print

Дланки држат паметен телефон и печатач Canon Zoemini 2, користејќи ја апликацијата Canon Mini Print за да направат колаж.

Апликацијата Canon Mini Print ви овозможува да ја искористите целосната преносливост на вашиот Canon Zoemini 2 или Canon Zoemini S2. Брзо уредувајте слики во движење, без оглед на тоа дали сте ги снимиле со вашиот паметен телефон или Canon Zoemini S2 и печатете директно од апликацијата за да им ги подарите на семејството и пријателите.

Компатибилни печатачи: модели Canon Zoemini

Компатибилни уреди: iOS и Android

Ако имате некој од моделите Canon Zoemini, веројатно е дека ќе сакате да ги персонализирате вашите инстантни фотографии. Со апликацијата Canon Mini Print app, можете да ја изразите вашата креативност со додавање сезонски налепници, рамки, филтри и текст на вашите слики од семејството, пријателите и авантурите – идеални последни детали пред печатење на вашите фотографии за лепење. За љубители на правењето колажи, апликацијата Canon Mini Print исто така ви овозможува да ја ослободите својата индивидуалност и да внесете реалистичност во вашите слики со цртежи и белешки.

Апликацијата Mini Print беспрекорно се поврзува со вашата галерија и може да се поврзе со вашите сметки на социјалните медиуми и складирање на Cloud, што ви овозможува да ги уредувате, персонализирате и печатите вашите фотографии од паметен телефон и фотоапарат. Апликацијата исто така може да се користи за снимање фотографии со ефекти во живо и проширена реалност – за автопортрети уникатни како вас.


Напишано од Peter Wolinski и Claire Gillo


macOS е заштитен знак на Apple Inc., регистриран во САД и други земји и региони.

  1. Функцијата не е достапна за сите печатачи. Погледнете ја табелата за компатибилни функции.

Слични производи

Слични статии

  • A top-down image of a Canon PIXMA printer outputting a large photo print. A phone displaying a camera roll is on the desk beside it.

    ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри печатачи од Canon за фотографии

    Без разлика дали сакате да ги изложите вашите фотографии во рамка, во колаж со фотографии или на налепница, пронајдете го најдобриот печатач за вашите креативни потреби.

  • Објаснување на видовите на хартија

    ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Објаснување на видовите на хартија

    Истражете ги различните видови на хартии од Canon со овој практичен водич за купување.

  • Жена сече шаблони од Creative Park додека седи на дрвена маса, на масата има печатач Canon PIXMA и неколку материјали за изработка на модели.

    ПЕЧАТЕЊЕ

    Најдобри печатачи за изработка на модели

    Од семејни проекти до професионална завршна обработка, Canon ќе ви понуди совршен печатач.

  • Фотографија снимена одозгора од отворен дневник со подредување до шаблони за рамки од Creative Park и печатач PIXMA од Canon.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Печатете листи, планови и цели

    Бидете креативни со печатач Canon PIXMA и останете организирани и совесни низ целата година.