Evolve, Elwe Special Promotions grow their business using the latest printing technology from Canon

Специјални промоции на Elwe: еволуција на печатењето за рекламни сталажи за продажба

Предизвикот

Со седиште во Холандија, испорачувачот на услуги за печатење Elwe е специјализиран за печатење на висококвалитетни рекламни сталажи за продажба (POS) за малопродажниот пазар. Компанијата се гордее со комплетната и сеопфатна услуга што им ја нуди на потрошувачите – од првиот дизајн и процесот на пробни отпечатоци, до печатењето, складирањето и испораката – која ја надополнува со голем избор на изборни услуги за пакување.

Над 20 години, репутацијата на компанијата за квалитет, ефикасност и услуга на потрошувачите ѝ донесе многу значајни клиенти на домашниот пазар, вклучувајќи ги продажните ланци Albert Heijn и Jumbo. Вообичаено, таквите клиенти нарачуваат стотици, па дури и илјадници рекламни сталажи, а аналогната технологија за печатење на Elwe немала проблем да одговори на предизвикот.

"Немавме проблеми да се справиме со десет сталажи, па дури и со илјада. Но за нашите потрошувачи, малите обеми често не беа исплатливи."

Затоа компанијата одлучи да се надгради на побрз и поефикасен систем за дигитално печатење за да го поддржи својот континуиран деловен раст и да може подобро да одговори на потребите на своите потрошувачи.

Решението на Canon

За Canon, решението беше јасно: печатачот со рамно лежиште Océ Arizona 660 XT е брз, едноставен за употреба и неверојатно разновиден. Исто така, неговата технологија за обработка на слики Océ VariaDot нуди извонреден квалитет на слика каков што му беше потребен на Elwe за неговите рекламни сталажи за продажба.

Придобивки

Како што објаснува Kirsten Van Brummen, значењето на Arizona 660 XT било огромно, како за флексибилноста, така и за продуктивноста:

"Сега сме во можност да ги избегнеме компромисите на квалитетот и времето за испорака… и можеме да понудиме материјали за рекламни сталажи за продажба во помал обем, со конкурентни цени."

Evolve, Elwe Special Promotions attract new customers, using Canon’s business printing solutions

Потрошувачите исто така се воодушевени и од способноста на компанијата да понуди поголема персонализација и прилагодување на нивните дизајни за рекламни сталажи за продажба – нешто што би било многу скапо доколку се користи аналогна технологија.

Меѓутоа, можеби најголемата промена е тоа што со печатењето во мал обем и печатењето еднократни проекти, Elwe успеа да привлече сосема нови потрошувачи – не само големите продажни ланци, туку и малите претпријатија и трговците-поединци. Kirsten Van Brummen забележува дека „Бидејќи можеме да понудиме материјали за рекламни сталажи за продажба почнувајќи од еден единствен примерок, сега имаме многу мали клиенти“, во кои се опфатени „потрошувач кој нуди аудио тури за музеите“ до „најблискиот аптекар.“

Овој нов модел за печатење POS на барање му овозможи на Elwe да се ослободи од ограничувањата на аналогното печатење, што му овозможи да ги постигне своите цели за деловен раст. Најважно, бидејќи растот на компанијата продолжува, таа сега има партнер кој може да ѝ помогне да се справи со сите претстојни предизвици, како што заклучува Kirsten Van Brummen:

"Често добиваме сложени барања и затоа очекуваме многу од нашите партнери. Canon стана партнер кој е секогаш со нас и размислува заедно со нас цело време."

Дознајте повеќе

Контактирајте нè

Откријте како можеме да ви помогнеме да го надградите вашето деловно работење

Дознајте повеќе