Direct Print Plus
Управувајте лесно со сложените задачи за печатење користејќи интуитивен софтвер за праќање задачи, кој е дизајниран за поедноставно печатење CAD-цртежи и PDF-документи и кој нуди брза и прецизна обработка и едноставен кориснички интерфејс.
Паметно и практично праќање задачи за CAD-цртежи
Брзо и прецизно ракување со датотеките
Благодарение на напредниот софтвер за PDF-датотеки на Canon, Direct Print Plus овозможува прецизно зачувување и печатење на сите слоеви на датотеките, дури и од CAD-датотеките со високо ниво на детали.
Практично внесување со повлекување
Праќајте ги задачите за неколку секунди преку практичниот интерфејс со повлекување на датотеките. Не се потребни сложени поставки или конфигурации.
Поддржува многу формати
Лесно печатете технички цртежи и архитектонски планови, компатибилни со индустриски стандардни формати како PDF, JPEG, TIFF, и HP-GL/2.
Сигурни прегледи пред печатењето
Користете ја функцијата за прегледување за да откриете потенцијални проблеми при печатењето со визуализација. Корисниците добиваат известувања кога сликите ја надминуваат големината на хартијата, овозможувајќи ви да го забележите и коригирате порамнувањето, за да избегнете погрешно печатење и да ја намалите непотребната потрошувачка на хартија.
Преземете содржина
Дознајте како Direct Print Plus може да го поедностави печатењето на CAD-цртежите.
Погледнете ги сите придобивки кои ги нуди Direct Print Plus.
Преземете софтвер за компатибилни печатачи
Истражете сличен софтвер
Free Layout Plus
Интуитивна софтверска алатка дизајнирана за да им даде на корисниците контрола над распоредите. Идеална за професионалци кои работат со CAD-цртежи или креативни визуелни материјали во голем формат, го поедноставува процесот за подготовка на печатење прецизно, флексибилно и ефикасно.
Accounting Manager
Собирајте детални податоци, како вид на медиуми, користење мастило и датуми на печатење преку моќна алатка за следење која ви помага лесно да ги следите трошоците за печатење и да управувате со нив.
Professional Print & Layout
Моќна алатка дизајнирана за фотографи, за секој отпечатен материјал да ја оствари намерата на фотосесијата. Добијте извонредна прецизност, детали и контрола на тонот на боите.
Media Configuration Tool
Им помага на професионалните фотографи и компании за услуги за печатење лесно да управуваат со различни поставки за медиуми, како и да ги конфигурираат. Усогласете ги клучните параметри со специфични медиуми и гарантирајте прецизна репродукција на бои за доследно оптимизирање на квалитетот на печатење.