Professional Print & Layout

Добијте неверојатна прецизност на боите, детали и контрола на тоновите кога ќе ги споите вашите уреди imagePROGRAF PRO со алатката Professional Print & Layout. Оваа моќна алатка, која е дизајнирана за фотографи, овозможува сите отпечатени материјали да одговараат на вашата замисла при фотографирањето, на совршен и ефикасен начин.

Висококвалитетно печатење со реалистични бои

Создадена за фотографи и корисници кои печатат професионално и на кои им се потребни доследни и висококвалитетни резултати, алатката Professional Print & Layout нуди прецизност и контрола врз отпечатените материјали, ги елиминира погрешните печатења и овозможува материјалите кои ги печатите да го изразат токму тоа што сте го замислиле - прецизно, ефикасно и професионално.

Прегледување со прецизен приказ на екранот

Користете го интуитивниот кориснички интерфејс за да видите како точно ќе бидат позиционирани и отпечатени сликите врз медиумот во ролна, за да избегнете погрешни печатења и непотребно трошење хартија.

Прецизно уредување на сликите

Приспособувајте ги сликите и менувајте им ја големината рачно, со помош на функцијата за вметнување. Користете специфични димензии за печатење и избегнете несакано отсекување или грешки во порамнувањето.

Ефикасна употреба на медиумите

Распоредувајте многу слики автоматски со помош на функцијата за подредување, која ќе ви помогне да го минимизирате неискористениот простор на медиумот во ролна. Може да додавате и ознаки за отсекување за лесно сечење.

Сигурна репродукција на боите

Користете ја функцијата за софтверска проверка на печатењето за да проверите како ќе изгледаат боите врз различни медиуми со нивниот ICC-профил и приспособете ги користејќи лизгачи и криви за тонови, за прецизно печатење.

Поддршка за дополнителни компоненти

Интегрираните дополнителни компоненти, за софтвери како Adobe Photoshop Photoshop Elements или Lightroom, како и Digital Photo Professional од Canon, овозможуваат непречен работен процес, почнувајќи од уредување на сликите, па сè до печатење со професионален квалитет.

Кристална острина

Искористете ги податоците за печатење кои ги нуди екосистемот на Canon со тоа што ќе го комбинирате софтверот со фотоапарат Canon EOS, софтверот Digital Photo Professional за уредување и печатачите од серијата PRO.

Работен процес со Professional Print & Layout

Печатете брзо и со оптимално ниво на квалитет користејќи го брзиот, непрекинат и прецизен работен процес на Professional Print & Layout.

Еден прозорец за поставки за печатење

Пристапете до основните поставки, како што се избирање печатачи, вид на медиуми, распоред за повеќе слики, големина и квалитет на хартијата и погледнете ги деталите со проширување на секоја картичка.

Прецизно приспособен распоред

Изберете порамнување на вашата слика, печатете материјали без рабови или отсекувајте ги рабовите со нумерички вредности или поместувања на лизгачи.

Управување со боите

Изберете ICC-профили и намера за рендерирање за да создадете слика со оптимално усогласување на екранот и отпечатените материјали.

Пробно печатење

Користете ја функцијата за печатење шаблони за да создавате пробни копии наменети за детално приспособување на боите, со цел да се подготвите за крајното печатење

Печатење

Подгответе се да ги испратите вашите фотографии за печатење со избирање на бројот на копии.

Подигнете го печатењето фотографии на повисоко ниво

Задржете ги тоновите, острината и прецизната репродукција на боите со овој сигурен и динамичен софтвер. Со вграден DPRAW за печатење со висока резолуција и функција за печатење во HDR-формат за одлична репродукција на светли тонови*, оваа алатка е совршена за да им дадете дополнителна димензија на вашите фотографии.

Печатење во HDR-формат

Прикажете го светот што го гледате со помош на RAW-слики. Печатењето во HDR-формат на Professional Print & Layout го користи широкиот и динамичкиот опсег на RAW-сликите, за да ги изрази информациите попрецизно и да создаде пореалистични фотографии. Напредната обработка на слика на софтверот одлично работи со Adobe RGB за да создаде слики што ги надминуваат другите софтвери за обработка на слика.

DPRAW

Додајте длабочина и текстура во вашите фотографии со печатење во форматот DPRAW. Користејќи ги информациите за фокусирањето од RAW-фотографиите зачувани во DPRAW-формат*, Professional Print & Layout може да ја обнови острината и да создаде поживописни слики со неверојатен квалитет. На пикселите со точен фокус им се дава повисока резолуција, а на пикселите без соодветен фокус не им се дава дополнителен акцент. Тоа овозможува рамномерни тонови без шумот што е типичен за филтрите за острина.

*Canon EOS 5DMKIV и Canon EOS R

ICC-профил

Искористете ги максимално можностите на серијата imagePROGRAF PRO со функцијата за користење ICC-профили. Благодарение на подобрениот дизајн на профилот на печатачот и практичната компензација на црната точка, репродукцијата на боите може да се подобри уште повеќе. Изберете компензација на црната точка за да го приспособите тонот на сликата, усогласувајќи ја најтемната точка во ICC-профилот на сликата со најтемната точка во ICC-профилот на печатачот.

Преземете софтвер за компатибилни печатачи

Поврзете го вашиот печатач од серијата Canon imagePROGRAF PRO со софтверот Professional Print & Layout за да добиете неверојатни перформанси, прецизни бои, детали и длабочина на тоновите. Напредните опции за печатење ви овозможуваат да печатите брзо и прецизно според вашите спецификации, за презентирање на вашите материјали со највисоки стандарди.

Разгледајте сличен софтвер

Media Configuration Tool

Им помага на професионалните фотографи и компании за услуги за печатење лесно да управуваат со различни поставки за медиуми, како и да ги конфигурираат. Усогласете ги клучните параметри со специфични медиуми и гарантирајте прецизна репродукција на бои за доследно оптимизирање на квалитетот на печатење.

Accounting Manager

Собирајте детални податоци, како вид на медиуми, користење мастило и датуми на печатење преку моќна алатка за следење која ви помага лесно да ги следите трошоците за печатење и да управувате со нив.

Direct Print Plus

Паметен и продуктивен софтвер за испраќање задачи, дизајниран да го поедностави печатењето на CAD-цртежи и PDF-документи, што нуди брзо и прецизно обработување и лесен кориснички интерфејс.

Free Layout Plus

Интуитивна софтверска алатка дизајнирана за да им даде на корисниците контрола над распоредите. Идеална за професионалци кои работат со CAD-цртежи или креативни визуелни материјали во голем формат, го поедноставува процесот за подготовка на печатење прецизно, флексибилно и ефикасно.

Дознајте како Canon може да му помогне на вашиот бизнис да се развие.