Фотографирајте сè почнувајќи од извонредно широкоаголни пејзажи па сè до прекрасни телефото снимки од дивината со неверојатна острина.
Бидете сигурни дека ќе добиете најдобри перформанси при фотографирање со широк агол или максимален зум со еден од најмалите и најмоќните објективи со оптички зум што се достапни. Интелигентната стабилизација на слика гарантира оптимални резултати, без разлика дали фотографирате при слаба осветленост или во движење.
Дивите животни и спортските ѕвезди ретко стојат мирно – помошта за обликување на кадарот при зумирање ви помага да ги следите. Притиснете копче и фотоапаратот ќе изврши брзо оддалечување за да можете повторно да го лоцирате вашиот објект, а ќе зумира назад во моментот кога ќе го отпуштите копчето.
Истражете го вашиот ентузијазам за фотографирање со избирање поставки за параметри како решетка, брзина на бленда, баланс на белата боја и ISO. Користете напредни рачни функции за снимање за да ја преземете контролата додека снимате видеоснимки.
За фотографирање со голем оптички зум е потребна поголема стабилност. Затоа го споивме обемното истражување и искуството на Canon од EOS DSLR фотоапаратите и создадовме ергономски држач кој овозможува удобно фотографирање и во подолг временски период.
Споделете ги вашите дела преку Wi-Fi со динамички NFC кој ви овозможува да се поврзете и да споделувате со компатибилни паметни уреди, со само еден допир. Снимајте одлични снимки од животот во дивината или автопортрети со функцијата за безжично далечинско фотографирање преку апликацијата Canon Camera Connect.
Разиграјте ја вашата креативност со обемната палета на изборна дополнителна опрема, вклучувајќи електронски визир со висока резолуција и EOS Speedlite блицови.
Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.
Сите функции не се достапни кај сите фотоапарати.