Canon 12x36 IS III

Моќен и пренослив двоглед со доближување до 12x што може да ве доближи до помалите птици и е соодветен за гледање на голема оддалеченост.

Придобивки

  • Моќен и пренослив двоглед кој ве доближува 12x поблиску

  • Неверојатно стабилен приказ со моќна оптичка стабилизација на сликата

  • Прецизна оптика од Canon за висока резолуција и прецизни бои

  • Добро урамнотежен дизајн со гума за издржливост и удобност

  • Идеален за гледање птици, патување и спорт

GALLERY_12x36 IS III_Lifestyle

Детални карактеристики

  • Моќен и пренослив двоглед кој ве доближува 12x поблиску

    Моќен и пренослив двоглед кој ве доближува 12x поблиску до далечните и едвај видливите објекти со остар и јасен приказ. Практичен за носење насекаде и идеален за гледање птици, патувања и спорт.

  • Неверојатно стабилен приказ со моќната оптичка стабилизација на сликата

    Моќната оптичка стабилизација на сликата брзо и прецизно ги елиминира различните видови на тресење и движења. Таа го елиминира дури и тресењето предизвикано при странично поместување доколку вашиот објект го следите или гледате од возило во движење. Значително помалата потрошувачка на енергија овозможува континуирано користење до 9 часа со еден пар батерии*.

  • Прецизна оптика за одлична слика со висока резолуција

    Уживајте во одличен квалитет со висока резолуција и мало изобличување, благодарение на прецизната оптика од Canon. Оптиката се одликува со Super Spectra слој кој се вградува во препознатливата палета на EF објективи од Canon и кој овозможува добивање на живописна слика со голем контраст и прецизен приказ на бои, а истовремено ги елиминира несаканите внатрешни рефлектирања кои предизвикуваат привидни облици и одблесоци.

  • Прекрасно видно поле од едниот крај до другиот

    Уживајте во прекрасно видно поле со јасен и рамен приказ со мало изобличување низ целата површина, благодарение на оптиката за израмнување на поле и призмата Porro II. Гледајте го целото видно поле со растојание од окото до објективот од 14,5 mm кое е идеално доколку носите очила.

  • Добро урамнотежен дизајн за практично, долготрајно и удобно користење

    Дизајниран да биде практичен, издржлив и удобен, со извонреден држач и големи гумени заштитници за очи за удобно и добро урамнотежено гледање. Практично поставеното копче за стабилизација на сликата и прстенот за фокусирање кој нуди рамномерно прилагодување се лесно достапни за прстите и од двете раце, а големиот надворешен слој од издржлива гума го подобрува ракувањето и држењето. *Тестирано според стандардите на Canon, погледнете ги спецификациите за повеќе информации