Видео камерата XA20 нуди комбинација од исклучителен квалитет на слика со снимање во два формати во куќиште со компактни димензии, така што е идеална за создавање на сите видови на професионални содржини.
Подетално разгледување на Canon XA20
Снимајте повеќе од кога и да било, благодарение на новиот
неверојатен широкоаголен објектив од 26,8mm на XA20. Зумирањето до
20x ве приближува до случувањата, а динамичката оптичка
стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки
со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. Максималната
решетка од f/1,8, ирисот со 8 сечила и технологијата EDM
овозможуваат прекрасни ефекти на заматување.
Со број на ефективни пиксели од приближно 2,91 мегапиксели, новиот
HD CMOS сензор од Canon обезбедува неверојатен квалитет на слика -
дури и при слаба осветленост - како и исклучителен динамичен опсег
и реалистична репродукција на бои.
И покрај неговата компактна големина, XA20 овозможува
висококвалитетно набљудување. OLED екранот на допир со резолуција
од 1,23 милиони точки нуди подобро време на одзив, дефиниција,
контраст и репродукција на бои во однос на еквивалентните LCD
екрани. Електронскиот визир од 0,61cm (0,24") и резолуција од 1,56
милиони точки може да се заврти до 45° за да овозможи снимање од
различни позиции.
Процесорот DIGIC DV 4 од новата генерација ги зголемува вашите
опции. Можете да снимате AVCHD видео со брзина до 28Mbps и 1080/50P
формат, а достапен е и режим за снимање на MP4 со брзина од 35Mbps
и 1080/50P формат кој нуди максимален квалитет. Присуството на два
отвора за SDXC/SDHC мемориска картичка овозможува истовремено
снимање¹ на висококвалитетни HD фајлови и MP4 фајлови со помала
резолуција кои овозможуваат полесен пренос на фајлови - идеално за
брзо префрлување на снимениот материјал. Опциите за снимање на
забрзани и забавени видео снимки се достапни во режимот за снимање
на MP4.
XA20 се одликува со сеопфатна контрола на звук. Двата XLR влеза
овозможуваат професионално поврзување, а достапни се и опции за
снимање на Linear PCM и Dolby Digital². Достапни се и вграден
микрофон и 3,5mm влезен приклучок.
Благодарение на изворот на инфрацрвена светлина кој е вграден во
рачката, оваа камера може лесно да се користи за време на ноќта или
во услови со слаба амбиентална светлина - идеално за снимателите на
животот во дивината.
Префрлувајте го снимениот материјал безжично преку телефон или
таблет уред со iOS или, пак, преку FTP со брзина до 150 Mbps³.
Контролирајте ги функциите на камерата преку уреди кои поддржуваат
Wi-Fi - не се потребни дополнителни апликации. Можете да снимате
податоци за локација со помош на изборен дополнителен GPS
уред.
Оваа дискретна камера е идеална за снимање во затемнети или
затворени опкружувања, а нејзиното лесно куќиште го намалува
заморот при рачно снимање во долги временски периоди.
¹Истовременото снимање не е достапно во режим на снимање со
1080/50P
²Аудио форматот Linear PCM е достапен само во режим на снимање
на AVCHD формат со 28Mbps
³За пренос на фајлови преку FTP е потребна пристапна точка за
безжичен интернет
Дознајте повеќе за Canon XA20, неговите функции и можности.
Full HD
Видео објектив за HD
Широкоаголен објектив
20x оптички зум
Стабилни снимки во секоја прилика
Стабилно фотографирање во движење
Врвно фотографирање при слаба осветленост
Моќна обработка со DIGIC
Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување
Кружен отвор на бленда со 8 сечила
Снимање на AVCHD со 28Mbps
Снимање на MP4 со 35 Mbps
Совршен звук кој одговара на сцената
Професионален звук
Органски LED екран на допир од 8,8cm
Два отворa за SDXC картички
Моментален автоматски фокус