Професионални видео камери

Canon XA30

Компактна, достапна и разновидна професионална HD видео камера, идеална за деловни настани и свадби.

Придобивки

  • Широкоаголен објектив од 26,8mm¹ со f/1.8-2.8, 20x зум, интелигентната оптичка стабилизација на слика со 5 оски и динамичка стабилизација на слика

  • HD CMOS Pro сензор од 1/2,84” со зголемена чувствителност за подобри перформанси при слаба осветленост и помал шум

  • Режимот со широк динамички опсег (600%) и режимот за приоритет на осветлени делови² ги задржуваат деталите во осветлените делови/деловите со сенки за да добиете поприродна слика

  • Снимање во два формати: Full HD AVCHD (28Mbps) или MP4 (35Mbps) на 2 x SD картички

  • Отстранлива рачка со професионални XLR влезови и вградена IR лампа

  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”) за одлична резолуција, контраст и репродукција на бои

  • EVF со 1,56 милиони точки и закосување од 45° за флексибилно снимање

  • Забрзани и забавени видеоснимки (x2 до x1200) со снимање во интервали во режим за MP4

  • Вграден WiFi со два фреквентни појаса за далечинска контрола, пренос/вчитување фајлови и преглед во вид на пребарувач

  • Можност за додавање GPS со изборна дополнителна опрема

Детални карактеристики

  • Широкоаголен HD видео објектив со 20x зум од Canon

    Снимајте содржини со извонреден квалитет благодарение на неверојатниот широкоаголен објектив од 26,8mm¹ на XA30 кој нуди разновидни опции. Зумирањето до 20x ве доближува до случувањата, а динамичката оптичка стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. Максималната решетка од f/1,8, ирисот со 8 сечила и технологијата EDM овозможуваат прекрасни ефекти на заматување.

  • Подобрен HD CMOS Pro сензор од 1/2,84"

    Новосоздадениот HD CMOS Pro сензор од Canon нуди приближно 2,91 ефективни мегапиксели за да обезбеди слика со неверојатен Full HD квалитет. Благодарение на зголемената чувствителност и подобрениот сооднос помеѓу сигналот и шумот, сликите снимени при слаба осветленост изгледаат почисти и имаат помал шум.

  • Нови флексибилни поставки за слики

    Две нови поставки за слики кои ќе ви помогнат да добиете уште подобри резултати. Режимот со широк динамички опсег ви нуди 600% поголем динамички опсег, што резултира со светли слики со голем контраст кои ги задржуваат деталите во површините со осветлени делови и сенки, без потреба од обработка по снимањето. Режимот за приоритет на осветлени делови ги репродуцира снимените материјали со поприродни тонови, побогати бои и детали, особено во делови со голема светлина² што е совршено за сцени со осветлено небо и рефлективни површини.

  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5") и EVF со можност за закосување

    И покрај неговата компактна големина, XA30 овозможува висококвалитетно набљудување. Практичниот OLED екран на допир со резолуција од 1,23 милиони точки нуди пократко време на одзив и извонредна резолуција, контраст и репродукција на бои во споредба со еквивалентните LCD екрани. Електронскиот визир од 0,61cm (0,24”) и резолуција од 1,56 милиони точки може да се заврти до 45° - овозможувајќи снимање од различни позиции на едноставен начин.

  • Снимање во два формати со разновидни опции

    Можете да снимате AVCHD видео со брзина до 28Mbps со 1080/50P, а за максимален квалитет изберете режим за снимање на MP4 со брзина од 35Mbps со 1080/50P. Двата отвора за SDXC/SDHC мемориска картичка овозможуваат истовремено снимање³ на висококвалитетни HD фајлови и MP4 фајлови со помала резолуција кои овозможуваат полесен пренос на фајлови – идеално за брзо префрлување на снимениот материјал. Опциите за снимање на забрзани и забавени видеоснимки со интервали на снимање (x2 до x1200) се достапни во режимите за MP4.

  • Професионален звук

    XA30 се одликува со сеопфатна контрола на звук. Двата XLR приклучоци овозможуваат професионално поврзување, а опциите за висококвалитетно снимање на Linear PCM и Dolby Digital се достапни стандардно.⁴ Вградениот микрофон и влезниот приклучок од 3,5mm нудат дополнителен избор и флексибилност.

  • Снимање со инфрацрвени зраци

    XA30 може лесно да се користи за време на ноќта или во услови со слаба амбиентална светлина благодарение на зголемената чувствителност на сензорот и моќниот извор на инфрацрвена светлина вграден во рачката – поради што е идеална за снимателите на животот во дивината.

  • Вграден Wi-Fi, можност за надградба со GPS

    Префрлувајте го снимениот материјал безжично со помош на телефон или таблет-уред со iOS или, пак, преку FTP со брзина до 150 Mbps⁵. Контролирајте ги функциите на камерата преку уреди кои поддржуваат Wi-Fi за кои не се потребни посебни апликации. Можете да снимате податоци за локација со помош на изборен дополнителен GPS уред.

  • Компактно и лесно куќиште

    Благодарение на нејзината отстранлива рачка, оваа дискретна и пренослива камера е идеална за снимање во затемнети или затворени опкружувања. Нејзиното лесно куќиште го намалува заморот при рачно снимање во долги временски периоди.¹ Еквивалент од 35mm² Поставките за светлина на екранот можеби ќе треба да се зголемат³ Истовременото снимање не е достапно во режим на снимање со 1080/50P⁴ Аудио форматот Linear PCM е достапен само во режим на снимање на AVCHD формат со 28Mbps⁵ За пренос на фајлови преку FTP е потребна пристапна точка за безжичен интернет

Спецификации

  • Full HD

  • Видео објектив за HD

  • Широкоаголен објектив

  • 20x оптички зум

  • Стабилни снимки во секоја прилика

  • Стабилно фотографирање во движење

  • Врвно фотографирање при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Снимање детали и во осветлени површини и во сенки

  • Приоритизирај детали во осветлени површини

  • Креативно снимање со забрзан ефект

  • Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

  • Кружен отвор на бленда со 8 сечила

  • Снимање на AVCHD со 28Mbps

  • Снимање на MP4 со 35 Mbps

  • Професионален звук

  • Органски LED екран на допир од 8,8cm

  • Два отворa за SDXC картички

  • Моментален автоматски фокус