Креативната и разновидна камера XC10, која снима неверојатни 4K/Full HD 4:2:2 видеоснимки и висококвалитетни фотографии од 12MP, е компактна, лесна и практична за користење и се одликува со објектив со 10x зум, оптичка стабилизација на сликата и WiFi далечински управувач.
Обработката со прекумерно семплирање во HD претставува напреден алгоритам за обработка на слики кој ефикасно ја искористува огромната моќ за снимање 4K слики при снимање Full HD видео. Камерата снима 4K слика, RGB каналите се делат на три посебни 4K сигнали со 8 мегапиксели, а потоа резолуцијата на 4K RGB сигналите се намалува во Full HD (1920x1080). На овој начин се подобрува резолуцијата што ја гледате и ќе можете да снимите значително појасна Full HD слика.
За да добиете максимална слобода при обработката по снимањето, вградената функција Canon Log Gamma го доловува максималниот опсег на тонови и овозможува максимум 12 чекори за динамичкиот опсег. Зголемувањето на динамичкиот опсег во 12 чекори ви овозможува да ги снимите најсветлите тонови и деталите во сенките, а со тоа да го зголемите и опсегот на градации на боите.
НИЈАНСИРАЊЕ НА БОЈА
Благодарение на процесорот DIGIC DV5 од Canon, XC10 нуди значително поголема моќ за обработка од неговиот претходник, овозможува снимање на 4K видеоснимки со висока бит-стапка и нуди поддршка за Canon Log Gamma и многу други важни функции на камерата.
Доловувајте прекрасни фотографии со висока резолуција од 12 мегапиксели на едноставен начин и одлучете како ќе изгледаат и како ќе се снимаат со избирање на една од многубројните функции за различен изглед и прилагодување. Исто така, можете да ги извлечете и зачувате најдобрите кадри од 4K видеоснимките со снимање фотографии од 8,29 мегапиксели.
Благодарение на компактното куќиште, XC10 овозможува лесно монтирање во мали, високи и оддалечени места. Со тежина од само 930g (само куќиште), камерата е идеална за употреба со дронови (за снимање висококвалитетни 4K видеоснимки од голема височина) или со лесни додатоци за на рамо.
XC10 е опремена со вграден објектив со 10x оптички зум – 27,3-273mm f/2.8-5.6 (еквивалент од 35mm, 25-250mm во режим на фотографии) – кој е оптимизиран за снимање во 4K. Објективот располага со посебни прстени за рачна контрола за избирање на фокусот и зумот и се одликува со комбиниран систем за оптичка и електронска стабилизација на сликата со цел да обезбеди јасни и стабилни слики при рачно фотографирање или при снимање во движење (електронската стабилизација на сликата не е достапна за сите режими за фотографирање).
Снимајте видеоснимки со мал шум во секаков вид на тешки ситуации за снимање, благодарение на високата вредност на ISO до 20.000 која овозможува зголемена чувствителност и одлични перформанси при слаба осветленост. Вградениот ND филтер дополнително ја подобрува контролата на експозицијата при силна светлина или кога треба да се користи поширока решетка.
Зголемете ги вашите креативни опции со висококвалитетно забавено снимање со брзина од 1/4 (HD видеоснимки) или снимајте забрзани движења со максимална брзина од 1200x (за 4K видеоснимки).
Снимајте 4K снимки со неверојатно висока бит-стапка на внатрешна CFast 2.0™ мемориска картичка користејќи ги придобивките од стандардната VPG130, која гарантира постојана брзина на запишување од најмалку 130Mbps*. Full HD видеоснимките и сликите од 12 мегапиксели може да се снимаат на посебна SD мемориска картичка. Искористете ја огромната моќ за снимање 4K слики од Full HD видео записи, со поголем квалитет и значително појасни резултати, благодарение на обработката со прекумерно семплирање во HD.
Компактната, лесната и ергономски дизајнираната XC10 се одликува со ротирачки држач за рака и голем LCD екран со променлив агол за да можете да снимате од многу различни агли на едноставен начин. Висококвалитетниот капацитивен екран на допир овозможува лесен пристап и контрола на режимите за снимање и менијата. За поудобно снимање на ниво на очите или за снимање при силна светлина, се испорачува со визир.
Новосоздадениот XF-AVC формат од Canon кој нуди разновидни опции и поддршка за 4K го користи ефикасниот кодек H.264 и лесно се интегрира во постоечките работни процеси, поради што дополнително ја зголемува ефикасноста на обработката по снимањето.
Вградениот Wi-Fi кај XC10 ви овозможува да ја контролирате камерата далечински преку веб-пребарувач, паметен телефон или таблет-уред - тоа е идеално кога снимате со дрон или кога камерите се поставени на незгодни места.
Обемна и професионална поддршка: дознајте сè што треба да знаете за импресивната палета на дигитални видеокамери од Canon.
Зошто не аплицирате за членство во CPS? Уживајте во професионални услуги и поддршка за вашата опрема од Canon!
Регистрирајте го вашиот производ и добивајте ажурирања и поддршка за сите ваши производи од Canon.