Canon IXUS 165

IXUS 165

Уживајте во лесното снимање со фантастични резултати со голема острина и детали во секое време со помош на овој стилски IXUS дизајн со 20 мегапиксели. Поседува паметни функции и е доволно мал за да го носите насекаде.

Придобивки

  • Стилски, едноставен и неверојатно тенок IXUS кој е лесен за носење
  • Доловете ги најдобрите моменти - без разлика дали се блиску или далеку
  • Снимете извонредни детали со 20 MP
  • Прекрасни снимки со насочено фотографирање со помош на интелигентниот автоматски режим
  • Остри фотографии и стабилни видео снимки со интелигентна стабилизација на сликата

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon IXUS 165

Совршенство во сликите со големина за во џеб


IXUS 165 го поедноставува снимањето на фотографии и видео снимки со врвен квалитет во секое време - и со стилскиот и неверојатно тенок дизајн совршено се вклопува во вашиот џеб или торба.

Снимајте далеку и широко


Доловете го секој момент на едноставен начин со флексибилниот објектив со широк агол од 28 мм и оптички зум до 8x. Доближете се до далечните објекти со оптичкиот зум до 8x или уште поблиску со ZoomPlus до 16x без намалување на квалитетот.

Исклучителни детали за вашите најдобри спомени


Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Обликувајте го кадарот и отсекувајте ги вашите фотографии со голема флексибилност или создавајте неверојатни материјали со големина на постер благодарение на 20,0-те мегапиксели.

Прекрасни и остри резултати во секој момент


Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии – без разлика што снимате.

HD видео снимки на дофат на вашите прсти


Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате одлични HD видео снимки (720p) - дури и кога снимате во движење или кога користите целосен зум.

Неверојатни слики на едноставен начин


Снимајте прекрасни фотографии и видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Сè што треба да направите е да насочите и да снимате. Притиснете го копчето за помош и набрзина ќе добиете разбирливи совети за начинот на користење на вашиот фотоапарат и неговите функции.

Одлични фотографии на луѓе


Уживајте во одличните снимки на пријателите благодарение на технологијата за откривање на лице. Таа открива повеќе лица во еден кадар, погрижувајќи се тие да останат во фокус и со оптимална осветленост. Функциите за откривање на лице обезбедува природни тонови на кожата дури и во услови со необично осветлување.

Разбудете ја вашата креативност


Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Можете да создавате изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, да правите минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките и многу повеќе.

Додајте лично прилагодување


Додајте личен печат на фотографиите со брзата и лесна контрола на подесувањата на сликата како осветленост и интензитет на боите. Прегледувајте ги резултатите додека го обликувате кадарот со помош на контролата на прегледување во живо и споделувајте ги со пријателите преку LCD екранот од 6,8 cm (2,7”). Во комбинација со Canon Connect Station можете лесно да ги споделувате вашите фотографии и видео снимки со светот на страниците на социјалните медиуми и онлајн албумите, и да уживате во нив со семејството и пријателите на HD телевизор.

Еко режим


Одличен за патувања во текот на денот. Еко режимот ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата, за да можете да доловите повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon IXUS 165, неговите функции и можности.

20.0MP_CCD

20 мегапиксели

8x optical zoom with wide-angle

8x оптички зум со широк агол

16x ZoomPlus

Зумирајте до 16x со одличен квалитет

Steady shots in every situation

Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

Digic4 Plus

Моќна обработка со DIGIC

Auto mode with 32-scene detection

Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

720p movies

720p видео снимки

Optimises people shots

Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

Instantly capture movies

Веднаш почнете да снимате видео снимки

Eco Mode

Заштеда на енергија за повеќе снимки

Instant help

Веднаш добијте помош

Compatible with Canon Connect Station

Компатибилност со Canon Connect Station

  • Дигитален фотоапарат IXUS 165

  • Ременче за на зглоб WS-800 

  • Батерија NB-11L

  • Полнач за батерии CB-2LFE 

  • AC кабел 

  • Комплет со упатство за користење