Тенок и стилски IXUS кој е практичен за користење, може да се носи во џеб и нуди врвен квалитет и разновидни опции благодарение на оптичкиот зум до 8x и ZoomPlus до 16x, интелигентниот автоматски режим и можноста веднаш да почнете да снимате HD видеоснимки.
Погледнете подетални информации за Canon IXUS 175
Овој извонредно тенок и стилски IXUS е совршен за носење во торба или во џеб и се одликува со флексибилен и широк објектив од 28mm со 8x оптички зум и 16x ZoomPlus, за да можете лесно да го доловите секој момент, блиску или далеку, со фотографии и видеоснимки со врвен квалитет, без разлика каде одите. Продолжете да снимате подолго со еко режимот, кој ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата.
Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање едно копче, можете да снимате одлични HD видеоснимки (720p) во MP4 формат без напор. Доживејте ја креативната разновидност при снимањето видео снимки користејќи го оптичкиот зум и уживајте во врвни и остри резултати.
Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет, благодарение на сензорот со 20,0 мегапиксели и обработката со DIGIC 4+. Технологијата за откривање лице овозможува снимање одлични снимки од пријателите без напор, а автоматското зумирање интелигентно ви помага да го изберете најдобриот кадар со допирање едно копче.
Само насочете и снимајте прекрасни фотографии или видеоснимки со допирање на копчето за интелигентен автоматски режим, кое му овозможува на тој режим да ја преземе контролата и да ги избере совршените поставки за фотоапаратот. Уживајте во едноставно прегледување и споделување со пријателите преку LCD екранот од 6,8 cm (2,7”).
Разбудете ја вашата креативност со изборот на креативни филтри. Создавајте изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, правете минијатурни модели во сцените на фотографиите и видеоснимките и многу повеќе. Снимајте неверојатни детали кај секојдневните објекти користејќи макро од 1 cm за неверојатно доближување.
Дознајте повеќе за Canon IXUS 175, неговите функции и можности.
20 мегапиксели
8x оптички зум со широк агол
Зумирајте до 16x со одличен квалитет
Моќна обработка со DIGIC
Насочување и фотографирање со допир на едно копче
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
720p видео снимки
Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите
Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе
Веднаш почнете да снимате видео снимки
Заштеда на енергија за повеќе снимки
Компатибилност со Canon Connect Station
Складирајте, гледајте и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки на едно место