Овој IXUS со разновидни опции, 20 мегапиксели, Wi-Fi, 10x оптички зум и интелигентна стабилизација на слика, кој е доволно мал и стилски за да го носите насекаде, ви овозможува едноставно насочување и снимање за да добиете прекрасни резултати во секоја пригода.
Подетално разгледување на Canon IXUS 180
Овој извонредно тенок и стилски IXUS е практичен за носење каде и да одите, а се одликува со флексибилен и извонредно широк објектив од 24mm со 10x оптички зум и 20x ZoomPlus, за да можете лесно да го доловите секој момент, блиску или далеку, со фотографии и видеоснимки со врвен квалитет. Автоматското зумирање ви помага да го изберете најдобриот кадар со допирање едно копче.
Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање едно копче, можете да снимате одлични HD видеоснимки (720p) во MP4 формат без напор. Уживајте во креативни опции за снимање видеоснимки со оптичкиот зум и добијте остри и стабилни резултати со помош на динамичката стабилизација на сликата.
Поврзете го вашиот компатибилен паметен уред со еден допир преку Wi-Fi со динамички NFC и уживајте во едноставно споделување и префрлување преку апликацијата Canon Camera Connect. Снимајте одлични групни снимки или автопортрети со функцијата за безжично далечинско фотографирање преку вашиот паметен телефон. Користете го копчето Wi-Fi за брз и едноставен пристап до функциите за Wi-Fi.
Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет кои се идеални за печатење материјали со големина на постер, благодарение на сензорот со 20,0 мегапиксели и обработката со DIGIC 4+. Интелигентната оптичка стабилизација на сликата ви овозможува да добиете остри фотографии и стабилни видеоснимки во секоја прилика, а LCD екранот од 6,8 cm (2,7”) овозможува лесно прегледување и споделување.
Само насочете и снимајте прекрасни фотографии или видеоснимки со допирање на копчето за интелигентен автоматски режим, кое му овозможува на тој режим да ја преземе контролата и да ги избере совршените поставки за фотоапаратот. Разбудете ја креативноста со фотографии или видеоснимки користејќи ја палетата на креативни филтри како што се ефектот на рибино око, минијатурниот ефект и ефектот на фотоапарат-играчка.
Дознајте повеќе за Canon IXUS 180, неговите функции и можности.
10x оптички зум, извонреден широк агол
Зумирајте до 20x со одличен квалитет
20 мегапиксели
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
720p видео снимки
Разни ефекти за поголема креативност
Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
Насочување и фотографирање со допир на едно копче
Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите
Моќна обработка со DIGIC
6,8cm (2,7") LCD екран
Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон
Веднаш почнете да снимате видео снимки
Заштеда на енергија за повеќе снимки
Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир
Складирајте, гледајте и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки на едно место