Компактни дигитални

Canon IXUS 275 HS

Снимајте неверојатни фотографии и Full HD видеоснимки со овој тенок и стилски IXUS со високи перформанси и 12x зум.

Придобивки

  • Извонредно тенок IXUS и квалитет од Canon во вашиот џеб

  • Доближете се до важните моменти со 12x зум

  • Снимајте прекрасни фотографии и видеоснимки со 20,2 MP и интелигентна стабилизација на сликата

  • Споделувајте на едноставен начин и снимајте далечински преку Wi-Fi и NFC

  • Разбудете ја вашата креативност со функцијата за креативни снимка

Детални карактеристики

  • Совршенство во сликите со големина за во џеб

    Сместен во куќиште со елегантна метална надворешност и извонредно тенок дизајн со можност за носење во џеб, модерниот IXUS 275 HS располага со сите функции кои ви се потребни за снимање и споделување фотографии и видеоснимки со врвен квалитет.

  • Доловете ги сите детали без губење на квалитетот

    Моќниот објектив со 12x зум и 24x ZoomPlus ви овозможуваат да се доближите до далечните објекти, без губење на острината или деталите. Извонредно широкиот агол од 25 mm опфаќа повеќе во кадарот - совршено за снимање големи групни снимки и прекрасни пејзажи.

  • Бидете поврзани постојано

    Споделувајте ги вашите креации со светот на едноставен начин преку Wi-Fi и префрлувајте ги лесно во вашиот паметен телефон или таблет-уред преку динамички NFC. Користете ја апликацијата Camera Connect од Canon за далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон и уживајте во практично и синхронизирано правење резервни копии на PC, Cloud и паметен телефон со функцијата за синхронизација на слики. Во комбинација со Connect Station од Canon, можете лесно да ги споделувате вашите фотографии и видеоснимки на страниците на социјалните медиуми и онлајн албумите, но и да уживате во нив со семејството и пријателите на HD телевизор.

  • Исклучителни детали за вашите најдобри спомени

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Обликувајте го кадарот и отсекувајте ги вашите фотографии со голема флексибилност или создавајте неверојатни материјали со големина на постер, благодарение на резолуцијата од 20,2 мегапиксели.

  • Прекрасни и остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии – без разлика што снимате.

  • Јасни слики во секакви услови на осветлување

    Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon се истакнува при слаба осветленост, така што лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на специјалните моменти без да користите блиц или статив.

  • Лесно обликување на кадар со луѓе

    Дозволете му на фотоапаратот да ги пронајде и да ги следи лицата во вашите снимки. Едноставно притиснете на копче и автоматското зумирање автоматски ќе го прилагоди зумирањето за оптимално обликување на кадарот од едно или повеќе лица во сцената.

  • HD видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето извонредни видеоснимки е лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате стабилни Full HD видеоснимки без напор со 30fps и во MP4 формат користејќи го оптичкиот зум

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Само насочете и снимајте прекрасни фотографии или видеоснимки со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Уживајте во забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот со хибридниот автоматски режим.

  • Оригиналност без напор

    Воодушевете ги семејството и пријателите со вашата креативност. Само сликајте и функцијата Креативна снимка, интелигентно ќе долови уште пет дополнителни слики од вашиот предмет на уметнички и изненадувачки начини.

Спецификации

  • 12x оптички зум со интелигентна стабилизација на слика

  • Зумирајте до 24x со одличен квалитет

  • CMOS сензор со 20,2 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Безжично споделување на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 6 различни слики од една снимка

  • 1080p видео снимки

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ

  • Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат IXUS 275 HS

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење