Компактни дигитални

Canon PowerShot D30

Уживајте напредни перформанси под вода на длабочина до 25 м со цврстиот и издржлив PowerShot D30.

Придобивки

  • Компактен и цврст дигитален фотоапарат за динамични надворешни авантури

  • Нурнете подлабоко – водоотпорен на длабочина до 25 м, отпорен на удари при паѓања од 2 м, отпорен на мраз (-10 °C) прав

  • Прекрасни резултати дури и при слаба осветленост со HS системот со 12,1 мегапиксели

  • 28 мм, 5x оптички зум со интелигентна стабилизација на слика

  • Извонредни подводни снимки со подводниот режим и прилагодениот баланс на белата боја

  • GPS за означување на вашите снимки и водење на евиденција за вашето патување

  • Лесно прегледување при силна сончева светлина благодарение на големиот PureColor II LCD екран од 7,5 см (3,0") со режим за силна сончева светлина

  • Full HD видео снимки (1080p) со оптички зум и HDMI

  • Едноставно насочете и фотографирајте со интелигентниот автоматски режим (32 сцени)

  • Повеќе начини за доловување на случувањата со режимите за составување видео снимки и извонредни забавени видео снимки

Детални карактеристики

  • Издржлив фотоапарат - напредни водоотпорни перформанси

    Овој компактен и цврст дигитален фотоапарат нуди водечки водоотпорни перформанси кои ви овозможуваат да снимате под вода на длабочина до 25 м. Изработен за непогодни услови, PowerShot D30 е отпорен на удари при паѓања од висина до 2 м¹, отпорен на мраз при користење на ниски температури до -10 °C и целосно заштитен од прав - тој е идеален за најекстремни надворешни активности, почнувајќи од сурфање на снег до нуркање. Овој фотоапарат, исто така, е отпорен на деца и може да го издржи грубото ракување од страна на децата за време на семејните авантури.

  • Извонредни снимки под вода

    Снимајте прекрасни снимки при каква било светлина со HS системот - ексклузивна комбинација од CMOS сензор со голема чувствителност и 12,1 мегапиксели и моќен DIGIC 4 процесор. HS системот се истакнува при слаба осветленост - типично за подводни опкружувања - додека подводниот режим и прилагодениот баланс на белата боја ви овозможуваат брзо прилагодување на природните бои во големи длабочини, за да можете полесно да ја доловите вистинската подводна атмосфера. Користете го подводниот макро режим за да добиете остри и јасни снимки одблиску од подводниот живот.

  • 28mm, 5x оптички зум; интелигентна стабилизација на слика

    Снимајте панорамски пејзажи и одлични групни снимки со широкиот агол од 28 мм и оптичкиот зум до 5x кој ќе ви овозможи да се приближите поблиску. Интелигентната стабилизација на слика ги задржува острината и деталите кај фотографиите и видео записите дури и кога се движите, при целосен зум или при слаба осветленост, автоматски прилагодувајќи го оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со помош на 7 режими.

  • GPS²

    GPS уредот ја обележува локацијата на вашите фотографии и видео записи, додека функцијата Записник го следи вашето патување. Користете го софтверот Map Utility за да ги одредите местата во кои се снимени и да ги споделите со пријателите.

  • PureColor II LCD екран од 7,5 см (3,0”) со режим за сончева светлина

    Уживајте во одлична видливост, без разлика дали снимате при силна сончева светлина или под вода со помош на големиот LCD екран со 460k точки. За напредна јасност во услови со силна сончева светлина, режимот за сончева светлина активира посилно задно осветлување на LED екранот со цел да добиете максимална светлина. Активниот екран со контрола со потчукнување нуди удобно прегледување на сликите дури и кога носите ракавици.

  • Full HD видео снимки

    Користете го копчето за видео кое ќе ви овозможи веднаш да снимите Full HD (1080p) видео снимки со оптички зум, а интелигентната стабилизација на слика овозможува неверојатна стабилност на снимениот материјал. Уживајте во висококвалитетна репродукција на HD телевизор преку HDMI приклучокот.

  • Интелигентен автоматски режим (32 сцени)

    Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира оптималните подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки).

  • Специјални режими на видео

    Уживајте во повеќе начини за доловување на случувањата. Функцијата за составување видео снимки снима до 4 секунди пред секоја фотографија, а потоа ги соединува записите снимени во текот на денот во дополнителна HD видео снимка. Забавете ги брзите движења со режимот за извонредни забавени видео снимки.¹Методите за тестирање за отпорност при удар важат само за овој производ и не гарантираат дека нема да настане оштетување или дефект кај производот.²Употребата на GPS уредот може да биде ограничена во одредени земји или региони. Користењето на GPS уред треба да биде во согласност со законите и правилата на државата и областа во која се употребува, вклучувајќи ги и сите ограничувања за користење на електроника.

Спецификации

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Одлични за во базен и за нуркање

  • Издржлив на удари и паѓање

  • Одлични за скијање

  • Означувајте ги снимките и водете евиденција за вашето патување

  • 5x оптички зум со широк агол

  • CMOS сензор со 12,1 мегапиксели

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Широк агол на гледање, висок контраст

  • Подобра видливост во услови со сончева светлина

  • Допрете или навалете го уредот за прелистување на сликите

  • 1080p видео снимки

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • Одлични снимки одблиску под вода

  • Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot D30

  • Ременче за на зглоб WS-DC8

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење