Canon PowerShot SX170 IS

Извонредно едноставен апарат со моќен зум од 16x и Canon квалитет

Придобивки

  • Објектив со 16x оптички зум од Canon, со широк агол од 28mm во компактно куќиште. 32x ZoomPlus

  • 16 мегапиксели за детални снимки и печатење со големина на постер

  • Оптички стабилизатор на слика со интелигентна стабилизација на сликата за остри фотографии и стабилни видео снимки

  • Голем LCD екран од 7,5 cm (3,0") со корисни совети

  • Интелигентен автоматски режим кој открива 32 сцени (21 за видео) за едноставно насочување и фотографирање

Детални карактеристики

  • 16x оптички зум, широкоаголен објектив од 28mm од Canon

    Приближете се до сите семејни настани со помош на 16x оптичкиот зум од Canon, кој ќе ви овозможи да ја снимите секоја прилика со врвни детали; до 32x поблиску со помош на ZoomPlus. Широкоаголниот објектив од 28mm снима прекрасни пејзажи и ги опфаќа сите лица во кадарот, со цел да добиете одлични групни снимки.

  • 16 мегапиксели

    Сензорот со 16 мегапиксели обезбедува детални слики со висока резолуција кои може да се печатат во огромни големини (A3+) или да се отсечат, со цел да се добие саканата композиција.

  • Интелигентна стабилизација на слика

    Задржувањето на острината и стабилноста кај фотографиите и видео записите е едноставно - дури и кога снимате со полн зум или рачно при слаба осветленост - благодарение на интелигентната стабилизација на сликата, која автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика за различните типови тресење на фотоапаратот.

  • LCD екран од 7,5 cm (3,0"); Совети

    Големиот и висококвалитетен LCD екран со широк агол на глeдање овозможува едноставно обликување на кадарот, навигација низ менито без напор и јасно прегледување и репродукција на снимениот материјал. Едноставните совети ќе ви помогнат да го разберете вашиот фотоапарат и да ги подобрите вашите резултати.

  • Интелигентен автоматски режим (32 сцени)

    Дури и најнеискусните почетници можат да снимаат висококвалитетни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира оптималните параметри од 32 променливи (21 кај видео снимки). Интелигентниот автоматски режим е потполно автоматизиран - сè што треба да направите е да насочите и да снимате.

  • HD видео снимки

    Лесно снимање на висококвалитетни HD видео снимки (720p) со стерео звук и оптички зум, со еден допир на наменското копче за снимање на видео. Интелигентната стабилизација на сликата го намалува тресењето за добивање на поостри видео записи кога снимате во движење или кога користите максимално телефото зумирање.

  • Забавни креативни филтри

    Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Опциите ќе ви понудат ефект на рибино око за создавање на изобличување како со објектив во вид на рибино око, а исто така и ефект за екстра живописност со кој ќе ја засилите сатурацијата на боите. Користете го минијатурниот ефект кога снимате фотографии или видео снимки, за сцените да добијат изглед на минијатурни макети.

  • Целосна рачна контрола

    Зголемете ја креативноста и издигнете го вашето фотографирање на повисоко ниво со целосната рачна контрола на брзината на блендата и решетката. Приближете се на 1cm од вашиот објект и снимете ги прекрасните скриени детали во режимот макро.

  • Еко режим, литиум-јонска батерија

    Еко режимот ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата, овозможувајќи ви да снимите повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење од Canon.

Спецификации

  • 16x неверојатен зум со широк агол

  • Зумирање до 32x со одличен квалитет

  • 16,0 мегапиксели

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • 720p видео снимки со стерео звук

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Разни ефекти за поголема креативност

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

PowerShot_SX170_IS

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX170 IS

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење