Овој мини хибриден фотоапарат кој е едноставен, забавен и креативен за користење, како и практичен за целото семејство, се одликува со огромен зум до 40x сместен во мало преносливо куќиште - за да можете лесно да ги доловувате деталите од секој специјален момент со неверојатни фотографии и HD видеоснимки.
Погледнете подетални информации за Canon PowerShot SX410 IS
Пронајдете ги и доловете ги сите детали кај далечните објекти на едноставен начин. Големиот оптички зум од 40x е уредно сместен во куќиште со мал дизајн кое е лесно за носење, независно од ситуацијата. Снимајте одлични групни фотографии и неверојатни пејзажи со извонредно широкиот агол од 24mm.
Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Обликувајте го кадарот или отсекувајте ги вашите фотографии со голема флексибилност за да создадете неверојатни материјали со големина на постер, благодарение на резолуцијата од 20,0 мегапиксели.
Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видеоснимки и фотографии, без разлика што снимате - дури и при максимален зум или при рачно фотографирање со слаба осветленост.
Снимањето одлични видео снимки е многу лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате прекрасни и стабилни HD (720p) видеоснимки без напор - дури и кога фотографирате во движење.
Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач.
Снимањето прекрасни фотографии или видеоснимки е навистина лесно со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Сè што треба да направите е да насочите и да снимате.
Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Можете да создавате изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, да правите минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките и многу повеќе.
Одличен за патувања во текот на денот. Еко режимот ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата, за да можете да доловите повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење.
Дознајте повеќе за Canon PowerShot SX410 IS, неговите функции и можности.
40x извонреден зум со извонреден широк агол
Зумирајте до 80x со одличен квалитет
20 мегапиксели
Моќна обработка со DIGIC
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
720p видео снимки
7,5 cm (3,0") LCD екран
Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе
Разни ефекти за поголема креативност
Веднаш почнете да снимате видео снимки
Заштеда на енергија за повеќе снимки
Компатибилност со Canon Connect Station
Складирајте, гледајте и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки на едно место