Canon PowerShot SX530 HS

Доловувајте ги специјалните пригоди со неверојатни детали со помош на фотоапаратот со 50x зум кој го олеснува насочувањето и снимањето.

Придобивки

  • Еден компактен фотоапаратот со зум од 50x за секоја прилика

  • Висококвалитетни резултати кои со задоволство ќе сакате да ги споделите

  • Поврзете се едноставно со Wi-Fi и NFC

  • Доловете ги сите слики и Full HD снимки

  • Експериментирајте со креативните режими и рачната контрола

Детални карактеристики

  • Доловете го секој детал далеку и широко

    Доловете сè, почнувајќи од извонредно детални снимки одблиску до одлични групни снимки и неверојатни пејзажи, со помош на овој компактен фотоапарат. Тој нуди огромен оптички зум до 50x сместен во мало и лесно куќиште кое можете да го носите насекаде.

  • Остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост.

  • Поврзете се едноставно преку Wi-Fi

    Уживајте во слободата која ја нуди Wi-Fi. Вчитувајте фотографии и видео снимки на социјалните мрежи - директно од фотоапаратот или пак лесно пренесувајте ги кон вашиот паметен телефон или таблет уред преку NFC. Користете ја наменската апликација за паметни уреди за далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон и уживајте во практично складирање на PC, фотоапарат и Cloud со синхронизацијата на слики. Во комбинација со Canon Connect Station можете да уживате додека ги гледате вашите фотографии и видео снимки со семејството и пријателите на HD телевизор, како и да ги споделувате со светот на страниците на социјалните медиуми и онлајн албумите.

  • Следете го вашиот објект без напор

    Следењето на далечни објекти со голем зум е навистина едноставно. Само притиснете го копчето и функцијата за помош за обликување на кадарот ќе изврши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате вашиот објект - зумирајќи назад кога копчето ќе биде отпуштено. Подобрениот автоматски режим врши автоматско оддалечување кога објектот ќе излезе од кадарот и ви помага да го одржувате вашиот објект во однапред поставена големина.

  • Јасни слики во секакви услови на осветлување

    Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon дава почисти резултати, дури и при слаба осветленост, така што лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на специјалните моменти без да користите блиц или статив. Со 16,0 мегапиксели ќе уживате во исклучителен квалитет, детални слики и слики со големина на постер.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимањето на одлични фотографии или видео снимки е навистина лесно со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Хибридниот автоматски режим создава забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот.

  • Реалистични видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате врвни Full HD видео снимки со брзина од 30fps и стерео звук. Благодарение на интелигентната стабилизација на слика можете да снимате во движење и да уживате во врвни и остри резултати.

  • Подобрете ги вашите креативни вештини

    Изненадете ги семејството и пријателите со вашата креативност. Експериментирајте со светлината која навлегува во фотоапаратот со користење на целосна рачна контрола за да ги подобрите вашите креативни вештини. Или пак, користете го режимот за креативни снимки за интелигентно снимање на пет дополнителни слики од вашиот оригинален субјект со различни уметнички ефекти.

  • Доловувајте го моментот секогаш

    Животот брзо минува. Не пропуштајте ниту еден специјален момент и доловувајте неверојатно брзи случувања со помош на овој фотоапарат со брз одзив, кој нуди групни снимање со голема брзина.

  • Удобно и стабилно фотографирање

    Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач.

Спецификации

  • 50x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирајте до 100x со одличен квалитет

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 16,0 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • 6 различни слики од една снимка

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • 1080p видео снимки

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Дополнителна контрола

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • Фотографирање со голема брзина

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир

PowerShot_SX530_HS

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX530 HS 

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Капаче за објектив (со ременче)

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел 

  • Комплет со упатство за користење