Благодарение на моќниот зум од 18x со тенок дизајн за во џеб, PowerShot SX600 HS е опремен со сите функции што можат да ви бидат потребни за снимање на висококвалитетни фотографии и видео снимки, додека Wi-Fi ви овозможува лесно да ги споделите на интернет.
Подетално разгледување на Canon PowerShot SX600 HS
Оптичкиот зум од 18x и ZoomPlus од 36x ви овозможуваат да се приближите до случувањата и да снимате далечни објекти со неверојатни детали. Со извонредно широкиот агол од 25mm можете да опфатите повеќе во кадарот, а тоа е совршено за снимање на големи групи и неверојатни пејзажи.
Бидејќи прекрасните слики се подеднакво драгоцени како и моментите кои се доловени на нив, HS системот е дизајниран да ги надополни со квалитет каков што заслужуваат, дури и при слаба осветленост. Користејќи напреден DIGIC 4+ процесор и CMOS сензор со 16 мегапиксели и задно осветлување, HS системот создава јасни фотографии со детали, бои и атмосфера на сцената на начинот на кој вие ги доживувате.
Оптичкиот стабилизатор на слика има огромно значење при снимањето на остри слики при слаба осветленост или при користење на максимален зум. Одликувајќи се со технологија на интелигентна IS од Canon, фотоапаратот автоматски го избира оптималниот режим за стабилизација на слика од 8 достапни опции за да обезбеди јасни и детални фотографии и видео снимки.
Покажете му ги вашите најнови слики на светот со поврзување на фотоапаратот со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi и NFC. Откако ќе ги поврзете, можете да го користите паметниот телефон за додавање на GPS локации на вашите слики или, пак, за да бидете и вие дел од снимките со помош на функцијата за далечинско фотографирање. Wi-Fi овозможува поврзување и со печатачи, компјутери и други компатибилни уреди за едноставно споделување на интернет и архивирање.
Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки на едноставен начин со помош на , интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки). Хибридниот автоматски режим ви овозможува да снимате фотографии со помош на интелигентниот автоматски режим, а истовремено снима и видео запис од 4 секунди пред секое фотографирање – комбинирајќи ги сите нив во забавна HD (720p) видео снимка.
Снимајте врвни Full HD (1080p) видео снимки во MP4 формат. Интелигентната IS овозможува уште постабилни видео снимки дури и кога се движите или кога снимате од автомобил во движење, за да добиете навистина извонреден снимен материјал. Кога ќе се вратите дома, воспоставете HDMI-CEC врска за да гледате и да ја контролирате репродукцијата на видео снимките на компатибилен HD телевизор.
Бидете оригинални на едноставен начин со режимот за креативни снимки. Едноставно снимете некоја слика и фотоапаратот ќе ја анализира сцената, а потоа автоматски ќе генерира пет креативни слики, плус оригиналната неизменета фотографија - притоа ќе го долови истиот објект на повеќе интересни и уметнички начини. Изберете ја саканата категорија на филтри и создавајте слики со користење на вашата омилена група на филтри за креативно снимање.
Големиот и висококвалитетен PureColor II G LCD екран (461k точки) со одлична видливост и издржливост нуди навигација низ менито без напор, ви овозможува лесно обликување и прегледување на вашите снимки и ви овозможува да уживате при нивното споделување со пријателите.
Дознајте повеќе за Canon PowerShot SX600 HS, неговите функции и можности.
18x неверојатен зум со извонреден широк агол
Зумирајте до 36x со одличен квалитет
Одлични снимки при слаба осветленост
CMOS сензор со 16,0 мегапиксели
Моќна обработка со DIGIC
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
6 различни слики од една снимка
Едноставно фотографирање со краток видео преглед
1080p видео снимки
Поголема сила и видливост
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
Заштеда на енергија за повеќе снимки