PowerShot SX60 HS

Зумирајте ги извонредните детали на дивиот свет во далечина. Снимајте неверојатни и извонредно широки пејзажи со овој разновиден и моќен 65x Wi-Fi хибриден фотоапарат, кој нуди комбинација од забава и професионална контрола.

PowerShot SX60 HS_Detail image

Придобивки

  • Откривајте детали во далечина како никогаш досега со огромниот зум до 65x
  • Брз и флексибилен, за секогаш да ја добивате саканата снимка
  • Дизајниран земајќи ги предвид големото зумирање и вашата удобност
  • Уживајте во прекрасни и остри снимки и јасни Full HD видео снимки - во текот на денот или ноќта
  • Фотографирајте од далечина и споделувајте на едноставен начин преку Wi-Fi и NFC

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PowerShot SX60 HS

Фотографирајте со извонредна широчина и на огромна далечина


Снимајте разновидни прекрасни снимки. Со неверојатниот зум до 65x и извонредно широкиот агол од 21mm, можете да фотографирате сè, почнувајќи од исклучително детални крупни кадри од животот во дивината, снимени на голема оддалеченост, па сè до импресивни пејзажи.

Следење без напор


Следењето на далечни објекти со голем зум е навистина едноставно. Само притиснете го копчето и функцијата за помош за обликување на кадарот ќе изврши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате вашиот објект - зумирајќи назад кога копчето ќе биде отпуштено. Подобрениот автоматски режим врши автоматско оддалечување кога објектот ќе почне да излегува од кадарот и Ви помага да го одржувате вашиот објект во однапред поставена големина.

Удобно и стабилно фотографирање


Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач. Електронскиот визир нуди ракување во вид на SLR и ви овозможува да гледате јасно во услови со силна сончева светлина. Ултрасоничниот мотор (USM) нуди брзо и тивко фокусирање и зумирање.

Одличен квалитет во секакви услови на осветлување


Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon - со DIGIC 6 и MP CMOS сензор со 16.1 - нуди неверојатен квалитет на слика и врвни перформанси при слаба осветленост. Лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на моментот без да користите блиц или статив.

Остри резултати во секој момент


Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост. Освен тоа, вашите видео снимки ќе бидат исклучително стабилни благодарение на напредната динамична стабилизација во 5 оски.

Доловувајте го моментот секогаш


Животот брзо минува. Не пропуштајте ниту еден специјален момент и доловувајте неверојатно брзи случувања благодарение на ракувањето со неверојатно брз одзив и континуираното фотографирање со голема брзина.

Неверојатни слики на едноставен начин


Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим. Уживајте во забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот со хибридниот автоматски режим.

Реалистични видео снимки на дофат на вашите прсти


Снимањето неверојатни видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате јасни и реалистични Full HD видео снимки со 60p, остар и јасен стерео звук благодарение на тивкото контролирање и зумирање. Исто така, можете да прикачите надворешен микрофон и рачно да ги контролирате нивоата на звук на фотоапаратот за уште поголема флексибилност.

Преземете ја контролата


Разбудете ги вашите креативни вештини. Снимајте фотографии и видео записи со целосна контрола на експозицијата. Откријте нов свет на можности со RAW и галантеријата за EOS системи.

Поврзете се преку Wi-Fi


Уживајте во слободата која ја нуди Wi-Fi. Вчитувајте слики и видео снимки на социјалните мрежи - директно од фотоапаратот. Или, пак, префрлете ги во вашиот паметен телефон или таблет уред со помош на копчето за поврзување на мобилен уред и NFC. Користете ја апликацијата CameraWindow од Canon за далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон и уживајте во практично складирање на PC и Cloud со Image Sync.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PowerShot SX60 HS, неговите функции и можности.

65x ultrazoom with ultra-wide angle

65x извонреден зум со извонреден широк агол

Zoom to 130x with great quality

Зумирајте до 130x со одличен квалитет

Steady shots in every situation

Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

16.1 Megapixel CMOS

CMOS сензор со 16,1 мегапиксели

Great low-light shots

Одлични снимки при слаба осветленост

Powerful DIGIC processing

Моќна обработка со DIGIC

Find your subject easily at full zoom

Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

Flip-out for viewing at any angle

Можност за одвојување за гледање од секој агол

Sharp and clear external viewfinder

Остар и јасен надворешен визир

Share and backup images wirelessly

Безжично споделување и правење резервна копија на слики

NFC simplifies smartphone sharing

NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

Hybrid Auto

Едноставно фотографирање со краток видео преглед

Fast focusing and shooting

Извонредно брз AF и континуирано фотографирање во RAW

RAW in various aspect ratios

RAW во различни соодноси на слика

FullHD 60p

Порамномерни видео снимки со 1080p

Aperture, shutter and ISO control in movies

Контрола на решетка, бленда и ISO при снимање видео

Creative Shot

6 различни слики од една снимка

Handheld_HDR

Снимајте HDR без статив

Remote Shooting WiFi

Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

Attach optional microphone

Прикачете изборен микрофон

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX60 HS
  • Капаче за објектив (со врвка)
  • Ремен за на врат NS-DC11
  • Батерија NB-10L
  • Полнач за батерии CB-2LCE
  • AC кабел
  • Комплет со упатство за користење

PowerShot SX60 HS Video