Компактни дигитални

Canon PowerShot SX610 HS

Доловувајте остри детали со моќен зум до 18x сместен во тенко куќиште со џебна големина.

Придобивки

  • Доближете се до оддалечените детали со тенкиот фотоапарат со 18x зум со големина за во џеб

  • Остри фотографии и стабилни видео снимки со интелигентна стабилизација на сликата

  • Лесно споделување со паметни телефони и социјални медиуми

  • Ослободете го уметникот во себе со лесното и креативно снимање

  • Снимајте одлични Full HD видео снимки со едно притиснување на копче

Детални карактеристики

  • Снимајте поблизу и пошироко

    Доближете се на случувањата и снимете ги дури и оддалечените објекти со импресивни детали со помош на овој тенок и стилски фотоапарат со оптички зум од 18x. Тој е исто така совршен за снимање големи групи и неверојатни пејзажи благодарение на извонредно широкиот агол од 25mm. Толку е мал и лесен за носење што можете да го понесете насекаде, без разлика дали сте дома или на одмор.

  • Остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видео снимки и фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост.

  • Поврзете се едноставно преку Wi-Fi

    Уживајте во слободата која ја нуди Wi-Fi. Вчитувајте слики и видео снимки на социјалните мрежи - директно од фотоапаратот и лесно пренесувајте ги кон вашиот паметен телефон или таблет уред преку динамичкиот NFC. Користете ја апликацијата Canon Connect од Canon за далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон и уживајте во практично складирање на PC, Cloud и паметен телефон со синхронизацијата на слики. Во комбинација со Canon Connect Station можете да уживате додека ги гледате вашите фотографии и видео снимки со семејството и пријателите на HD телевизор, како и да ги споделувате со светот на страниците на социјалните медиуми и онлајн албумите.

  • Лесно обликување на кадар со луѓе

    Дозволете му на фотоапаратот да ги пронајде и да ги следи лицата во вашите снимки. Едноставно притиснете на копче и автоматското зумирање автоматски ќе го прилагоди зумирањето за оптимално обликување на кадарот од едно или повеќе лица во сцената.

  • Исклучителни детали за вашите најдобри спомени

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Создавајте неверојатни материјали со големина на постер со импресивни детали благодарение на 20,2-те мегапиксели.

  • Јасни слики во секакви услови на осветлување

    Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon дава почисти резултати, дури и при слаба осветленост, така што лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на специјалните моменти без да користите блиц или статив.

  • Реалистични видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате врвни Full HD видео снимки со брзина од 30fps снимени во популарниот MP4 формат, во кои можете да уживате на многу различни уреди. Благодарение на интелигентната стабилизација на слика можете да снимате во движење и да уживате во врвни и остри резултати.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим. Уживајте во забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот со хибридниот автоматски режим.

  • Подобрете ги вашите креативни вештини

    Изненадете ги семејството и пријателите со вашата креативност. Режимот за креативни снимки интелигентно доловува шест слики од истиот објект со различни уметнички ефекти. Или пак, истражете ги креативните филтри – како ефектот на рибино око и изгледот на минијатурна макета.

Спецификации

  • 18x неверојатен зум со извонреден широк агол

  • Зумирајте до 36x со одличен квалитет

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 20,2 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • 1080p видео снимки

  • Означувајте ги снимките со Smartphone уреди со GPS

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 6 различни слики од една снимка

  • Фотографирање со голема брзина

  • Широк агол на гледање, висок контраст

  • Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ

  • Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир

PowerShot_SX610

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX610 HS

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-6LH 

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење