DSLR-фотоапарати
Фотографии или видео снимки, снимете ја вашата приказна
Снимете ја вашата приказна со извонредни детали со EOS 550D. Со креативна слобода за снимање на најважните снимки, погледнете ги сите детали од романтичниот залез на сонцето или следете ја акцијата за време на фудбалските натпревари.
Погледнете ги сите спецификацииAPS-C CMOS сензор со 18 MP
DIGIC 4
ISO 100-6400, H:12800
Снимање до 3,7fps
Full HD видео снимки
7,7cm (3,0”) 3:2 Clear View LCD екран со 1.040k точки
iFCL мерење
Екран за брза контрола
Надв. Приклучок за микрофон
Отсекување видео снимки
Идеален за корисниците на кои им е потребно печатење со големина на постер – или сакаат да вршат отсекување на сликата без да ги загубат потребните детали – 18MP CMOS сензорот на EOS 550D се одликува со многу мал шум на сликата и дава исклучителни резултати при слаба осветленост.
DIGIC 4 процесорот на Canon работи во комбинација со CMOS сензорот за постигнување на 14-битна обработка на сликата, заради добивање на рамномерна градација на тоновите и природен изглед на боите. DIGIC 4 исто така нуди напредно намалување на шумот при снимање со високи ISO брзини, плус брзо вклучување за дел од секундата и речиси моментално прегледување на сликите по снимањето.
За ситуациите со недоволна осветленост, EOS 550D се одликува со ISO опсег до 6400 – со можност за проширување до 12800 за средините во кои користењето блиц е непожелно.
EOS 550D нуди комбинација на фотографирање со врвен квалитет и можност за снимање на Full HD (1080p) видео. За да ја задоволите вашата креативност, EOS 550D се одликува со целосна рачна контрола и избор на стапка на слики. Исто така, може да снимате видео снимки со 50/60fps и 720P со голема брзина кога дејството брзо се одвива. HDMI поврзувањето овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии на кој било HD телевизор. Исто така, репродукцијата со компатибилни телевизори може да се контролира со користење на далечинскиот управувач од телевизорот.
7,7cm (3,0”) 3:2 ClearView LCD екранот кој содржи импресивни 1.040.000 точки ќе ви овозможи зголемена јасност и детална проверка на фотографиите и видео снимките. Префрлете се во режимот на прегледување во живо и контролирајте ја сликата во реално време при снимање од незгодни агли.
Новиот двослоен сензор за мерење со 63 зони ги анализира информациите за фокусот, боите и осветленоста, обезбедувајќи прецизно и постојано мерење.
Достапен со користење на наменско копче, тој обезбедува едноставен пристап до често употребуваните функции, овозможувајќи ви да ја направите снимката во вистински момент.
Додадете дополнителен микрофон за подобар квалитет на звукот користејќи го 3,5mm стерео приклучокот.
Снимајте VGA видео снимки со 7x ефективен зум. Отсекувањето видео снимки го користи само централниот дел од сензорот и овозможува снимање на голема оддалеченост без потреба за менување на објективи.
EOS 550D е компатибилен со комплетната палета на Canon EF и EF-S објективи и Speedlite блицеви од EX серијата.