Создаден за да го обезбеди најдобриот DSLR квалитет на слика

Дизајниран за да го обезбеди најдобриот DSLR квалитет на слика, со резолуција од 50,6 мегапиксели и филтер за поништување на дефокусирањето кој овозможува максимална острина на сензорот на фотоапаратот.

0%

    Печатете слики со квалитет како фина уметност со големина до A0 и повеќе

    Печатете слики со извонредно висока резолуција во голем формат – A0 и поголеми - со мал шум, реални тонови на кожата и исклучително прецизна репродукција на бои, благодарение на двата процесори DIGIC 6 со високи перформанси.

    Подобрена јасност

    Филтерот за поништување на дефокусирањето ја подобрува јасноста и острината на сликите со висока резолуција со минимален ризик од појава на артефакти, поради што EOS 5DS R претставува одлична опција за фотографирање на отворено или во контролирани услови во студио.

    Реагирајте времено, за да бидете чекор понапред од случувањата

    Уживајте во брза обработка на слика и одзив на фотоапаратот – дури и при доловување на огромните количини на податоци со сензорот од 50,6 MP - благодарение на двата DIGIC 6 процесора. Доловете ги сите случувања со неверојатната можност за снимање слики со резолуција од 50,6 MP и брзина од 5fps, а поврзувањето преку USB 3.0 овозможува фотографирање со голема брзина и далечинска контрола на фотоапаратот.

    Исклучителна острина кога навистина е потребна

    Напредно следење објекти и препознавање

    AF технологијата со паметно следење и препознавање (iTR) на EOS користи информации за бои и лица за да ги препознае и следи објектите кои се движат во кадарот. Брзиот одзив на AF може да се прилагоди преку едноставна алатка која го прилагодува следењето со фокусот во зависност од опкружувањето во кое фотографирате и објектот, така што другите предмети кои поминуваат пред фотоапаратот нема да пречат на фокусирањето.

    Автоматски фокус за широка површина со 61 точка

    Фокусирајте брзо и прецизно, дури и во услови со слабо осветлување, користејќи го AF системот со 61 точка. 41 точка за фокусирање од вкрстен тип, вклучувајќи и пет неверојатно чувствителни точки од двоен вкрстен тип, кои нудат неверојатна прецизност.

    Избор на AF точка

    Користете ги сите 61 AF точки заедно или групирајте ги во подвижни зони кои ќе ги опфатат објектите кои се далеку од центарот. Или, пак, изберете само една AF точка за прецизно фокусирање на одреден дел од сцената.

    Создадени за начинот на кој Вие работите

    Заштита од временски услови

    Продолжете да фотографирате сигурно, независно од условите, благодарение на контролите за заштита од временски услови како вода и прав, и издржливата конструкција од магнезиумска легура.

    Два отвора за мемориски картички

    Отворите за CompactFlash и SD мемориски картички овозможуваат автоматско правење на резервни копии од фајловите додека фотографирате, за едноставно споделување со клиенти и зголемување на капацитетот за складирање.

    Препорачани објективи

    Доловете го животот од нова перспектива со нашите препорачани објективи со фиксна фокусна должина или објективи за зумирање. Тука спаѓаат извонредно широки агли за неверојатни пејзажи и долги телефото објективи кои ќе ве доближат до спортските настани и животот во дивината со врвен квалитет. Голем број од нив имаат широки отвори на блендата за фотографирање при слаба осветленост и механизми за закосување и поместување кои нудат извонредна контрола врз длабочината на полето.

    Вградените функции во фотоапаратот ја зголемуваат вашата креативност

    Обработка на слика со голем динамичен опсегHigh dynamic range imaging

    Зачувајте ги деталите во површините со осветлени делови и сенки со HDR обработката на слики. Идеален за фотографирање пејзажи и мртва природа, а нуди комбинации од три слики со различни експозиции: стандардни, со недоволна експозиција и со преголема експозиција

    Природно

    Стандардна уметност

    Живописна уметност

    Нагласена уметност

    Релјефна уметност

    Повеќе експозиции

    Создавајте неверојатни композитни слики во самиот фотоапарат користејќи го режимот за повеќе експозиции, кој ги поставува сликите една врз друга и нуди избор на опции за автоматска контрола на повеќе експозиции.

    Full HD EOS видео снимки

    Снимајте Full HD EOS видеоснимки, со креативна рачна контрола на сликата и звукот.

    Функции за фотографирање со тајмер

    Создавајте одлични видеоснимки со забрзано движење со помош на вградениот тајмер со интервали кој може однапред да се програмира. Ако сакате да фотографирате со неверојатно долга експозиција, блендата може да се заклучи во режим на сијалица во определен временски период.

    Стил на слика со врвни детали

    Дајте им приоритет на градациите и деталите снимени со сензорот со висока резолуција и стилот на слика со врвни детали, кој нуди и вградени параметри за прилагодување на острината како праг и подобрување на JPEG фајлови - за да можете да создавате слики кои оставаат голем впечаток директно преку фотоапаратот.

    Филтер за поништување на дефокусирањето

    Стандардните DSLR модели користат филтер против дефокусирање поставен пред сензорот на фотоапаратот за спречување на појавата на дигитални артефакти, како ефект moiré и погрешни бои. Таквите филтри ја омекнуваат сликата, па затоа дефокусирањето што го создава EOS 5DS R се поништува со цел да се добие најголема можна острина. Малиот ризик за појава на артефакти како последица на тоа, му овозможува на EOS 5DS R да биде одличен избор за фотографирање на отворено или во студио со контролирани услови, но за други апликации EOS 5DS може да биде подобар избор.

    Оригинална слика направена со EOS 5DS R

    Острина - EOS 5DS R во споредба со EOS 5DS

    Награди на производи

    TIPA Awards 2016

    EISA 2015-2016

    Спецификации

    CMOS сензор со APS-C големина и 50,6 мегапиксели

    CMOS со 50,6 MP

    Двоен DIGIC 6

    Двоен DIGIC 6

    RGB+IR сензор за мерење со 150K пиксели

    RGB+IR сензор за мерење со 150K пиксели

    До 5,0 слики во секунда

    До 5,0 слики во секунда

    Spec-61AF

    Автоматски фокус со 61 точка

    Фотографирање со отсекување

    Фотографирање со отсекување

    USB 3.0

    USB 3.0

    Систем за контрола на вибрациите на огледалото

    Систем за контрола на вибрациите на огледалото

    Фотографирање со тајмер со интервали

    Фотографирање со тајмер со интервали

    Погледнете ги сите спецификации

    Преземајте драјвери, софтвер, фирмвер и упатства.

    Поддршка за производи

    Може да ви се допадне и следното...

    Професионална мрежа на Canon

    Професионално и темелно: дознајте сè што треба да знаете за фотоапаратите EOS 5DS и EOS 5DS R со неверојатни 50,6 мегапиксели.

    EOS 7D Mark II

    Регистрирајте го вашиот производ

    Кажете ни повеќе за Вас и регистрирајте се за да го добивате списанието You Connect на Canon - исполнето со инспирации, новости и совети.