Разбудете ја вашата креативна страна со EOS 60D. Изразете се преку создавање неверојатни фотографии или Full HD видео снимки користејќи го LCD екранот со променлив агол и напредните креативни функции.
Подетално разгледување на Canon EOS 60D
Идеален за корисниците на кои им е потребно печатење со големина на постер – или сакаат да вршат отсекување на сликата без да ги загубат потребните детали – 18MP CMOS сензорот на EOS 60D се одликува со многу мал шум на сликата и дава исклучителни резултати при слаба осветленост.
Искористете ја вашата имагинација за подобрување на фотографиите со палетата на креативни филтери како што е ефектот на фото апарат-играчка или мекиот фокус. Овие филтери може да се применат на RAW и JPEG слики, овозможувајќи креативна контрола по снимањето на фотографијата. При снимање со основните режими, Basic+ ви овозможува да примените креативен амбиент нудејќи ви креативна контрола без потреба од огромно познавање на фотографирањето.
Вршете детални проверки на сликите и снимајте од уникатни или незгодни агли со Clear View LCD екранот од 7,7cm (3,0”) и сооднос од 3:2, кој се одликува со неверојатни 1.040.000 точки за зголемена јасност. Префрлете се во режимот на прегледување во живо и контролирајте ја сликата во реално време за да го снимите најдобриот агол.
EOS 60D нуди комбинација на фотографирање со врвен квалитет и можност за снимање на Full HD (1080p) видео. За да ја задоволите вашата креативност, EOS 60D се одликува со целосна рачна контрола и избор на стапка на слики. Исто така, може да снимате видео снимки со 50/60fps и 720P со голема брзина кога дејството брзо се одвива. HDMI поврзувањето овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии на кој било HD телевизор. Репродукцијата на телевизори со HDMI може да се контролира со користење на далечинскиот управувач.
DIGIC 4 процесорот на Canon работи во комбинација со CMOS сензорот за постигнување на 14-битна обработка на сликата, заради добивање на рамномерна градација на тоновите и природен изглед на боите. DIGIC 4 исто така нуди напредно намалување на шумот при снимање со високи ISO брзини, плус брзо вклучување за дел од секундата и речиси моментално прегледување на сликите по снимањето.
За ситуациите со недоволна осветленост, EOS 60D се одликува со ISO опсег до 6400 – со можност за проширување до 12800 за средините во кои користењето блиц не е пожелно.
Двослојниот сензор за мерење со 63 зони ги анализира информациите за фокусот, боите и осветленоста, обезбедувајќи прецизно и постојано мерење.
Достапен со користење на наменско копче, тој обезбедува едноставен пристап до често употребуваните функции, овозможувајќи ви да ја направите снимката во вистински момент.
EOS 60D е компатибилен со комплетната палета на Canon EF и EF-S објективи и Speedlite блицеви од EX серијата.
Дознајте повеќе за Canon EOS 60D, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 18 мегапиксели
Одлични снимки при слаба осветленост
Голем и јасен приказ на вашата сцена
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
Изборни AF точки за креативно обликување
Континуирано фотографирање
Моќна обработка со DIGIC
Неверојатни видео снимки од 1080p
Пренослив екран за креативно обликување
Голем осветлен екран за јасно прегледување
Употребете креативни ефекти на вашите слики
Изберете го соодветниот сооднос на слика за вашата фотографија
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин
Прилагодете го нивото на вашиот фотоапарат за да добиете прави хоризонти
Уредување и обработка на RAW слики во фотоапаратот
Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат