Идеален почеток во светот на обработка на слики со EOS уреди. Сензорот со 18,0 мегапиксели кај EOS 650D нуди врвни резултати и за фотографии и за Full HD видео снимки. Clear View LCD II екранот на допир со променлив агол го олеснува фотографирањето.
Подетално разгледување на Canon EOS 650D
Доловете ги сите детали со резолуција од 18 мегапиксели и уживајте во рамномерни тонови и прецизни бои со 14-битната обработка на слика со DIGIC 5. EOS 650D создава фајлови кои се доволно големи за печатење со големи димензии или, пак, за отсекување со цел да добиете поинакви композиции без намалување на квалитетот.
Снимајте видео снимки со беспрекорен квалитет и резолуција од 1080p и уживајте во соодветното ниво на автоматска или рачна контрола кое ви одговара. Автоматскиот фокус функционира и при снимање видео, а вградениот микрофон овозможува снимање на висококвалитетен стерео звук.
Прецизно следење на подвижните објекти низ целиот кадар со помош на систем за автоматско фокусирање кој е составен од девет вкрстени AF точки. Континуираното фотографирање со брзина од 5 fps за групно снимање до 22 слики значи дека никогаш нема да го пропуштите одлучувачкиот момент.
EOS 650D се одликува со Clear View LCD II екран на допир од 7,7cm (3,0”) со променлив агол и сооднос од 3:2, кој се отвора и ротира за 270º. Тоа овозможува снимање на видео записи и фотографии од поинакви гледни точки – како на пример над толпа луѓе или од висина на половината.
Уживајте во поинаков пристап до контролите на EOS 650D преку Clear View LCD II екранот на допир со променлив агол. Фотографирајте и фокусирајте со еден допир и користете гестикулации како штипнување и преминување со прстите преку екранот при прегледување на сликите.
EOS 650D може да снима слики со опсег на чувствителност со ISO вредности од 100-12.800 (може да се прошири до ISO 25.600), овозможувајќи рачно фотографирање при слаба осветленост без користење на блиц.
Откријте ги можностите за креативно осветлување со позиционирање на надворешни Speedlite блицови од Canon, контролирајќи ги преку вградениот Speedlite предавател на EOS 650D.
Технологијата за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon ја анализира секоја сцена и автоматски ја поставува најсоодветната комбинација на подесувања на фотоапаратот.
Контролирањето на HDR задното осветлување овозможува снимање на три слики со различни експозиции кои се комбинираат во една слика, задржувајќи ги деталите во сенките и осветлените површини. Режимот за рачно снимање на ноќни сцени кај EOS 650D овозможува снимање на повеќе слики со голема брзина на блендата кои меѓусебно се спојуваат за добивање на резултати без заматување.
Дознајте повеќе за Canon EOS 650D, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 18 мегапиксели
Одлични снимки при слаба осветленост
Фотографирање со голема брзина
Континуиран AF при снимање видео снимки
Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување
Моќна обработка со DIGIC
Пренослив екран за креативно обликување
Неверојатни видео снимки од 1080p
Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
Употребете креативни ефекти на вашите слики
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин
Изборни AF точки за креативно обликување
Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин