Доловете го моментот со неверојатни фотографии и Full-HD видео снимки со фотоапаратот EOS 70D со високи перформанси, кој се одликува со брзина на снимање од 7fps со целосна резолуција, напреден AF систем со 19 точки и уникатната технологија Dual Pixel CMOS AF на Canon.
Погледнете подетални информации за Canon EOS 70D
Фотоапаратот EOS 70D со високи перформанси претставува комбинација од APS-C CMOS сензор со 20,2 мегапиксели и моќен DIGIC 5+ процесор за слика за да обезбеди 14-битни слики кои се остри и полни со детали. Репродукцијата на боите е прецизна, додека градацијата на тоновите е суптилна и природна.
Доловувањето на извонредни снимки од динамични случувања, како спортови или дивина, е многу лесно благодарение на брзината на континуирано фотографирање од 7fps со целосна резолуција и AF систем со 19 точки од вкрстен тип со високи перформанси, кои обезбедуваат голема прецизност, брз одзив и прецизност за доловување на моментот со голем квалитет на слика.
EOS 70D е првиот фотоапарат кој се одликува со технологијата Dual Pixel CMOS AF на Canon, која му овозможува следење со брз и рамномерен автоматски фокус при снимање видео снимки. Секој пиксел има две фото диоди кои можат независно да се читаат за време на автоматското фокусирање или истовремено да се читаат за доловување на слики.
EOS 70D обезбедува неверојатни Full-HD (1080p) видео снимки со брз и прецизен автоматски фокус благодарение на уникатната технологија Dual Pixel CMOS AF на Canon. Истражете ја вашата креативност со стерео звук, целосна рачна контрола и избор на стапка на слики.
Снимајте од далечина, од алтернативни гледни точки: поврзете се и контролирајте го вашиот EOS 70D преку компјутер, Mac, таблет уред или паметен телефон. Сликите можете да ги прегледувате и префрлувате безжично и веднаш да ги споделите со семејството и пријателите.
Кога нивото на осветленост е ниско, EOS 70D не ги намалува своите перформанси. Тој нуди ISO опсег до 12800 – што може да се прошири до 25600 – за да можете да доловите извонредни рачни фотографии при слаба осветленост без да користите блиц.
Користете ги интуитивните контроли на допир за да снимате од уникатни или чудни агли со капацитивниот ClearView II LCD екран на допир од 7,7cm (3,0”) со променлив агол и сооднос од 3:2, кој се одликува со 1.040.000 точки за репродукција со висока резолуција. Префрлете се во режимот на прегледување во живо за да ги снимите најдобрите агли и да добиете помош за обликување на кадарот на вашите снимки.
Уживајте во поголемо видно поле со помош на интелигентниот визир кој нуди покриеност од 98%, опуштено прегледување со растојание до окото од 22mm, приказ на корисни информации при фотографирањето и електронска либела за да можете полесно да ги доловите најдобрите снимки.
Зачувајте ги деталите во осветлените и засенетите делови со помош на HDR (висок динамички опсег) функцијата на EOS 70D и креирајте композитни слики со алатката за повеќе експозиции. Подобрете ги вашите фотографии со изборот на креативни филтри, како што е ефектот фотоапарат-играчка или минијатурниот ефект.
EOS 70D е компатибилен со комплетната палета на Canon EF и EF-S објективи и Speedlite блицови од EX серијата, за да можете да ги подобрите вашите вештини за фотографирање со дополнителни објективи и блицови.
*Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот
Дознајте повеќе за Canon EOS 70D, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 20,2 мегапиксели
Рамномерно и континуирано автоматско фокусирање за видео снимки
Фотографирање со голема брзина
19 AF точки од вкрстен тип за прецизно следење на објектот
Пренослив екран за креативно обликување
Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување
Моќна обработка со DIGIC
Одлични снимки при слаба осветленост
Неверојатни видео снимки од 1080p
Споделете ги вашите слики и контролирајте го вашиот фотоапарат преку WiFi
Подесете го приказот на вашиот визир
Прилагодете го нивото на вашиот фотоапарат за да добиете прави хоризонти
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат
Креативно комбинирање на слики
Уредување и обработка на RAW слики во фотоапаратот
Безжично далечинско контролирање или прегледување на слики на вашиот EOS 6D со помош на новата апликација EOS Remote на Canon, која е достапна за smartphone уреди или таблет уреди со iOS и Android
Разберете ги основите на фотографирањето и дознајте како менувањето објективи може да направи разлика кај вашите слики.