Компактен фотоапарат со заменливи објективи и 18 мегапиксели кој е доволно мал за да можете да го носите насекаде. Уживајте во едноставно и креативно контролирање и врвни перформанси при слаба осветленост за добивање на неверојатни слики.
Погледнете подетални информации за Canon EOS M
Снимајте слики кои се исполнети со неверојатни бои и острина, кои
може да се печатат во големини до A2 со извонредни детали. Сензорот
со 18 мегапиксели и APS-C големина се одликува со исти димензии
како и сензорите кои се вградуваат во EOS DSLR фотоапаратите, а го
нуди и истиот врвен квалитет на слика.
При снимањето фотографии со EOS M, функцијата за автоматско
интелигентно откривање на сцени на фотоапаратот врши анализа и на
објектот, проценувајќи ги боите, светлината, движењата, па дури и
присуството на луѓе. Овие податоци се користат за избирање на
најсоодветните подесувања на фотоапаратот, со цел да добиете
најдобри можни резултати.
EOS кој се одликува со квалитет како DSLR, сместен во компактно
куќиште кое може да го носите насекаде. Променете го вашиот EF-M
објектив за да ја промените вашата гледна точка и уживајте во
поддршката за палетата на EF и EF-S објективи со помош на изборниот
адаптер за монтирање EF-EOS M.
Снимајте прекрасни слики, користејќи рамномерни дефокусирани
заднини за да добиете професионален изглед кој остава силен
впечаток. Добијте напредни креативни ефекти на брз и едноставен
начин со помош на контролите кои се едноставни за користење.
Едноставните контроли овозможуваат брзо и едноставно користење,
така што секогаш ќе бидете подготвени да ја изразите својата
креативност. Clear View II LCD екранот на допир од 7,7cm (3") нуди
интуитивна контрола на функциите од менито, како и можност за
фокусирање и фотографирање со еден допир.
EOS M ги одржува перформансите на највисоко ниво, дури и кога
нивото на светлина се намалува. Хибридниот автоматски фокус
обезбедува извонредно остри фотографии, а мерењето на експозицијата
со проценка ја избира најсоодветната брзина на блендата и отворот
на решетката. Фотографирајте рачно во услови со слаба осветленост
без да користите блиц или статив, благодарение на максималната
чувствителност од ISO 12.800 (може да се прошири до ISO
25.600).
Снимајте Full-HD видео записи со истиот фотоапарат што го користите
за снимање фотографии. Уживајте во врвен квалитет на слика дури и
при слаба осветленост и откријте нови креативни можности, како што
е фокусот на мало растојание. Надополнете го вашиот снимен видео
материјал со куси видео записи. Снимете серија кратки записи со
времетраење од 2, 4 или 8 сек., уредете ги и репродуцирајте ги
заедно како видео слајд шоу во еден видео фајл.
Дознајте повеќе за Canon EOS M, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 18 мегапиксели
Одлични снимки при слаба осветленост
Континуиран AF при снимање видео снимки
Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување
Моќна обработка со DIGIC
Неверојатни видео снимки од 1080p
Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
Употребете креативни ефекти на вашите слики
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин