M80 е пренослив мемориски диск од 80GB, за EOS фотографот со големи барања. Опремен со 3,7" ЛЦД со висока резолуција, тој пружа прегледување на слики со врвен квалитет и безбедно чување во издржливо куќиште.
Погледнете подетални информации за Canon Media Storage M80
Со просторен внатрешен цврст диск од 80GB, M80 обезбедува простор
за чување за илјадници слики со висок квалитет, во еден уред
лесен-за-носење.
3,7" ЛЦД обезбедува супериорна репродукција на боја, VGA
резолуција и ултра-широк 1600 агол на гледање, за
детално прикажување на вашите слики.
M80 е изработен од цврста, лесна алуминиумска легура, креирајќи
уред кој е доволно издржлив за да ве придружува насекаде. Футрола
за носење обезбедува дополнителна заштита, додека вклучувањето на
подножје ви овозможува да го максимизирате потенцијалот на M80 за
мултимедијално гледање.
Без оглед дало ќе одлучите да фотографирате на SD или на
CompactFlash, вградените отвори ви овозможуваат практичен пренос на
податоците. Едноставно вметнете ја мемориската картичка и, со допир
на само едно копче, информациите се пренесуваат на HDD од M80, со
брзини од преку 4 MB/с - додека верификацијата на податоци
проверува дали вашите слики се дуплирани без да бидат
корумпирани.
Вашите приватни слики нека останат приватни Заштитата со лозинка
овозможува само вашата избрана публика да може да ги види сликите.
Без напор прегледајте голем број на датотеки, со помош на
функцијата за презентација на слики, вградена во M80. Опцијата за
додавање на заднинска музика ви овозможува да креирате моќни
презентации на вашите слики, било каде:
M80 е многу повеќе од уред за гледање на слики, тој нуди поддршка
за речиси сите популарни формати на аудио-визуелни датотеки,
вклучувајќи JPEG, TIFF, MPEG 1, 2 и 4, MP3 и WAV. M80 ви овозможува
и да чувате сликите во сопствениот формат на Canon, D-SLR RAW, што
го прави идеално решение за фотографи кои треба да ги зачувуваат и
прегледуваат сликите на терен.
Добијте опширни EXIF детали - вклучувајќи датум и време на сликање,
како и нагодувањата на камерата - за секоја слика, и тоа со само
едно притискање на копче.
Приклучниците за аудио/видео овозможуваат лесно презентирање на
вашата работа, едно едноставно поврзување и подготвени сте да ги
пренесете сликите или звуците до поширока публика. Или, преку
поврзување со само еден кабел, одберете да печатите директно на
печатач компатибилен со PictBridge. Без компјутери, без компликации
- само моментални копии на вашите слики, секогаш кога ви требаат.
Дознајте повеќе за Canon Media Storage M80, неговите функции и можности.