Едноставен и извонредно компактен фото печатач за во домот кој е едноставен за користење и е наменет за целото семејство и кој нуди фотографии со фотолабораториски квалитет насекаде за помалку од 1 минута.
Подетално разгледување на Canon SELPHY CP820
Фото печатачот SELPHY CP820 совршено се вклопува насекаде во вашиот дом и е доволно пренослив за да можете да го носите на забави и семејни собири.
Секој може да печати со практичниот дизајн кој е надополнет со LCD екран од 6,8 cm (2,7”) за лесно прегледување и интуитивни менија со инструкции на екранот за полесна навигација.
Секој ќе има можност да печати долготрајни фотографии со професионален квалитет за помалку од 1 минута. Технологијата за сублимација на бои обезбедува врвна длабочина и градација на бои без долго чекање.
Специјалниот прекривен слој ги заштитува испечатените материјали од прскање, истурање течности и избледување, а тие можат да траат до 100 години ако се складираат во албум. Можете да нанесете полусјајна завршна обработка за дополнителна заштита од отпечатоци од прсти и да создадете сличен изглед на традиционалните отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет, без потреба да менувате какви било потрошни материјали.
Имајте потполна контрола врз трошоците за печатење со дефиниран број на печатења кој е впишан на секое пакување со потрошни материјали.
За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен со PictBridge, директно со печатачот. Исто така, ќе можете да печатите од широка палета на мемориски картички или од USB флеш уреди, добивајќи поголема флексибилност.
Без разлика дали се работи за домашна или професионална употреба, функцијата за печатење на фотографии за документи со водич за обликување на кадри со лица ви овозможува да создавате и печатите фотографии за документи во голем број прифатени големини.
Печатачот нуди многу начини за споделување на вашите спомени, меѓу кои и големина на поштенска картичка, квадрат или кредитна картичка - сето тоа за неверојатно брзо време.
Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица обезбедува врвни резултати. Таа врши интелигентна корекција на несовршеностите во сликите и истовремено го намалува непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.
Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено, со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L (потребен е адаптер за полнач CG-CP200). Едно полнење обезбедува над 36 отпечатени листови со големина на поштенска картичка. Изборниот капак за заштита од прав DPC-CP100 придонесува за квалитетно печатење дури и кога печатите на отворен простор.
Дознајте повеќе за Canon SELPHY CP820, неговите функции и можности.
Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет
Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување
Компатибилност со SD картички
Изберете сјајна или полусјајна завршна обработка
Практично печатење од USB мемориски уред
Напредни опции за големина на фотографии за документи
Интелигентна корекција
Долготраен квалитет од Canon
Печатете во движење
Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика
Печатење со големина на поштенска картичка
Налепници со квадратна големина
Налепници со големина на кредитна картичка
Печатење на креативни мини налепници