Не губете ги придобивките - користете оригинални потрошни материјали од Canon
Оригиналните потрошни материјали од Canon се дизајнирани да обезбедат сигурност, квалитет и вредност какви што вие и вашите корисници очекувате од уредите од Canon.
Како компанија што испорачува врвен квалитет на слика, нашите уреди за печатење и потрошни материјали - мастило, тонер, барабан и резервни делови - ги дизајнираме да работат во совршена хармонија за да обезбедат оптимални перформанси и максимална продуктивност.
Компанијата Canon го контролира квалитетот на оригиналните мастила и тонер за да гарантира висококвалитетно печатење:
- Слики со голема густина
- Минимални грешки при фиксирање
- Одлични перформанси за пренос
Оригиналните мастила и тонер од Canon овозможуваат побрзо печатење на барање и придонесуваат за максимална продуктивност. Освен тоа, тие се сертифицирани и тестирани за задоволување на сите безбедносни предуслови за потрошувачите.
- SDS: документ со безбедносни информации
- Ames test: карциноген тест
Оригиналните E-барабани и резервни делови од Canon гарантираат:
- Стабилно и квалитетно печатење од првата до последната страница
- Голема издржливост и долг работен век
- Минимално време на неактивност
- Оптимална сигурност на барабаните
Употребата на оригинален тонер од Canon ја минимизира потрошувачката на енергија и лошото влијание врз животната средина:
- Фиксирање при ниски температури
- Голем обем на печатење
- Минимални грешки во печатењето
Како резултат на тоа може да се појават неколку недостатоци како лош квалитет, мала густина или ленти врз сликите поради што може да потрошите повеќе пари и време. Тука може да спаѓаат перформансите на тонерот, преносот на тонерот или грешките при фиксирање, како и побрзо абење на барабаните и ITB.
Компании низ целиот свет уживаат во придобивките што произлегуваат од користење оригинални потрошни материјали од Canon. Погледнете неколку избрани приказни од потрошувачите и дознајте со какви предизвици се соочиле и што навистина им е важно.
Студија за анализа
Американската академија GEMS е интернационален образовен институт. Дознајте зошто GEMS, чија цел е да го задржи своето реноме основано на квалитет, користи само оригинални потрошни материјали од Canon.
Студија за анализа
Eurocom е долгогодишен партнер на Canon со седиште во Романија кој е одговорен за управување со групи уреди составени од повеќе од 300 уреди за печатење. Со голема одговорност постои голем ризик. За да го минимизира ризикот, Eurocom купува само оригинални потрошни материјали од Canon за да овозможи доследно и оптимално функционирање на своите уреди.
Студија за анализа
Cantek е врвен партнер на Canon со седиште во Бугарија. Оваа компанија е предводник на пазарот за повеќефункционални уреди за печатење. Дознајте зошто ги препорачуваат оригиналните потрошни материјали од Canon и зошто продавале повеќе од 150 тони мастило.