Canon CJ18ex28B IASE T
Компактен, пренослив и лесен објектив за 4K-емитување со големина од 2/3”, зум од 28-500 mm со додаток за продолжување од 2x за извонреден опсег од 1000 mm.
Лесен и пренослив објектив за 4K-емитување со зум и неверојатен телефото опсег
За најголем избор на опции, како и перформанси за 4K за продукции во HDR и WCG, овој UHDgc-објектив од 28-500 mm има додаток за продолжување од 2x за извонреден телефото опсег од 1000 mm.
Погледнете ги сите спецификацииДигитален мотор eXs-V
-
Подобрени перформанси за Servo-мотор
Побрзиот Servo-мотор од претходниот мотор овозможува побрзо време на реакција на ирисот, којшто во комбинација со прочуените брзини на фокусирање и зумирање, го оптимизира моторот eXs-V за емитување спортски настани и настани во живо.
-
Одново осмислен дизајн
Интуитивниот држач соодветствува на обликот на дланка за удобна поддршка при подолго користење, а променетата положба на екранот на горниот дел од единицата обезбедува подобра видливост при снимањето.
-
Поддршка за далечински додаток за продолжување
Кога снимате далечински од кран или од друг уред, додатокот за продолжување може да се контролира од операторот преку изборна кутија со преклопник.
-
Поддршка за виртуелни системи и далечинска контрола
Новиот мотор има повеќе интерфејси за далечинско снимање, како и уред за кодирање од 16 бита со висока резолуција за прецизни излезни податоци за објективот.
-
Подобрена ергономија
Три 20-пински приклучоци, еден практично поставен дијагонално преку задната страна, обезбедува полесна интеграција со другите приклучоци, како механизмите за зумирање и фокусирање од Canon.
-
Поврзување преку USB-C
Нуди повеќе придобивки, меѓу кои се и далечинска контрола на објективот, ажурирање на фирмверот и излезни податоци за објективот и зачувани кориснички поставки
-
Компатибилност со ZSD-300D и FPD-400D
Моторот одржува компатибилност со традиционалните механизми за емитување на Canon.
-
Компензација на промените во фокусот
Гарантирајте доследен агол на гледање, без оглед на промените во поставките за фокусирање
Стандардни оптички перформанси
Објективот нуди моќ за обработка во 4K низ целиот опсег на зумот. Ексклузивниот оптички дизајн на Canon овозможува неверојатни нивоа на детали.
Компактен и лесен
Дизајниран за продукции во студио, документарци и вести, објективот им нуди флексибилност на камерманите за да се справат дури и со најтешките предизвици.
Подобрена корекција на слика
Објективот користи податоци за корекција врз основа на BT.2020. Тоа овозможува одлична репродукција на боите во рабовите на екранот, доколку е прикачен на 4K-камера.
Дигитален мотор со високи перформанси
Објективот може да се вклучи без иницијализација. Функциите за корекција на аберацијата на сликата, откривањето положба и положба на приказот на визирот може да се контролираат преку камерата.
Одличен дизајн и ергономија
Со тежина од само 2,11 kg и должина од 247 mm, објективот е доволно удобен, компактен и лесен за да можете лесно да го држите на рамо.
Спецификации
-
Квалитет на слика со 4K-резолуција за HDR и WCG
-
Лесен и пренослив
-
16-битен дигитален мотор со високи перформанси
-
Корекција на аберација BT.2020
-
Вграден додаток за продолжување од 2x
Што содржи кутијата
-
Објектив
-
Сенило
-
Капаче за објектив
-
Капаче за заштита од прав
-
Капаче за сенило
-
Упатство за користење/CD-ROM