Кино зум за целосна слика

Canon CN-E20-50mm T2.4 L F / FP

Серијата Flex Zoom е дизајнирана за неверојатни оптички перформанси што овозможуваат приказ на прекрасни и природни слики.

Погледнете го објективот во акција

Погледнете го краткиот пробен филм на ценетиот снимател Ian Murray за да ги видите перформансите на објективот CN-E20-50mm во различни услови на осветлување.
CN-E20-50mm T2.4 L F - FP

Доловете ја вашата замисла со CN-E20-50mm T2.4 L F / FP

CN-E20-50MM T2.4 L F / FP е објектив за целосна слика од врвна класа што е дизајниран за професионални филмски продукции.

Спецификации

  • Целосна слика

    Покриеност на објективот

  • 20-50 mm

    Фокусна должина

  • T2,4

    Непроменлива максимална решетка

  • Поддршка за метаподатоци од објективот

    Cooke /i Technology™ и ZEISS eXtended Data™

  • Резолуција 8K

    Поддршка за HDR

  • 11 сечила на ирисот

    Филмско дефокусирање

  • EF-приклучок / PL-приклучок

    Заменливи објективи

  • Приспособување на растојанието помеѓу отворот на куќиштето и сензорот

    За задно и предно фокусирање

CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

КВАЛИТЕТОТ

Филмски изглед со оптички квалитет од 4K

Објективот нуди врвен приказ на бои и детали, а сликите се остри од центарот до надворешните рабови, што е совршено за снимање со 4K HDR-квалитет. Решетката со 11 сечила создава меки и прекрасни зраци светлина и неверојатно намалување на длабочината на полето, а внатрешниот систем за фокусирање нуди минимални промени во фокусот и извонредно стабилни перформанси за фокусирање. Објективот прикажува прекрасни и топли бои што се карактеристични за палетата на објективи Cinema од Canon.

ФИКСНА РЕШЕТКА

Фиксна решетка T2,4 и голем опсег на фокусни должини

Одликувајќи се со доследна светлина од решетката T2,4 низ целиот опсег на зумот, серијата Flex Zoom нуди голем опсег на фокусни должини, почнувајќи од широкиот агол на CN-E20-50mm T2.4 L F / FP, па сè до средниот опсег на фокусирање што го нуди CN-E45-135mm T2.4 L F / FP. Овие објективи се идеални за работа во голем број различни ситуации на снимање.

CN-E20-50MM T2.4 L F / FP
CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

ЦЕЛОСНА СЛИКА

Дизајнирани за филмски камери за целосна слика

Доловете го подобрениот филмски квалитет, поширокото видно поле и поголемата длабочина на поле. Овој компактен и лесен објектив е дизајниран за користење со камери со сензор за целосна слика од 35 mm.

ПРИКЛУЧОК ЗА ОБЈЕКТИВИ

Модуларен систем за монтирање објективи

CN-E20-50MM T2.4 L F / FP е достапен или со EF-приклучок или со PL-приклучок, за да ви обезбеди поголема флексибилност и поразлична примена според вашите потреби за снимање. Објективот може и да се менува помеѓу EF и PL-приклучокот* што дополнително ја зголемува вредноста и флексибилноста.

*Дополнителен трошок преку овластените сервисни центри на Canon или овластените компании од трети страни.

Canon Camera
CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

МЕТАПОДАТОЦИ

Напредна поддршка за метаподатоци од објективот

Серијата Flex Zoom поддржува голем број стандарди за комуникација благодарение на функцијата за разновидна комуникација помеѓу објективот и камерата, меѓу кои и Cooke /i Technology™, ZEISS eXtended Data™ (PL-приклучок) и EF-приклучок. Тоа овозможува приказ или снимање на метаподатоците од објективот, како и користење на функциите на камерата за корекција на аберацијата, корекција на периферното осветлување и водење на фокусот, доколку камерата е компатибилна.

РАКУВАЊЕ

Издржлив дизајн и практични функции за ракување

Серијата Flex Zoom го има истиот дизајн, со фиксен преден дијаметар, положби на запчаници и агли на ротација на запчаниците. Вртливите копчиња за фокусирање, зумирање и ирис имаат запчаници со индустриски стандарди и растојание помеѓу запците од 0,8 mm, за да одговараат на дополнителна опрема за фокус со следење од трети страни. Објективот има осветлени ознаки (светат во темнина) за метрички или империјални единици мерки за да овозможи лесно ракување при слаба осветленост. Врвниот дизајн и неверојатната оптика и компоненти се дизајнирани за долготрајна употреба и нудат брзо и прецизно ракување, а нивната издржливост е идеална за професионални видеопродукции.

CN-E20-50MM T2.4 L F / FP
CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

ЕФЕКТ НА ДЕФОКУСИРАЊЕ

Ирис со 11 сечила за филмски ефекти на дефокусирање

Добијте прекрасни дефокусирани заднини благодарение на ирисот со 11 сечила што придонесува за речиси кружна решетка.

За вашите врвни филмски продукции

Објективите Flex Zoom се идеални за голем број врвни примени. Благодарение на целосната покриеност на кадарот и широкото видно поле, тие нудат значителни подобрувања во професионалната примена.

  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

    АПЛИКАЦИЈА

    Врвна филмска продукција

  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

    АПЛИКАЦИЈА

    Драмски продукции

  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

    АПЛИКАЦИЈА

    Комерцијални продукции

  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

    АПЛИКАЦИЈА

    Виртуелни продукции

  • Canon CN-E20-50mm T2.4 L F / FP

    Што содржи кутијата

    • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP

    • Објектив

    • Осовина за поддршка на објективи (држач за додатоци)

    • Капаче за објектив

    • Капаче за заштита од прав

    • Упатство за користење

    Слични производи

  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP
    Кино објективите изработени од Canon кои ги исполнуваат високите стандарди на кинематографите
  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP
    Сензор за целосна слика што нуди резолуција од 5,9K во компактно куќиште.
  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP
    Повеќенаменска 4K-камера Cinema EOS со сензор со формат Super 35 mm.
  • CN-E20-50MM T2.4 L F / FP
    Професионални 4K екрани од Canon со широка палета на бои и голем динамички опсег за емитување и филмска продукција.
  • Регистрирајте ја вашата заинтересираност за CN-E20-50MM T2.4 L F / FP од Canon

    Пополнете го краткиот формулар за да побарате да ве контактира специјалист за производи од Canon.