Canon PIXMA G3400

PIXMA G3400

Повеќефункционален печатач со Wi-Fi, поддршка за Cloud и резервоари со мастило за голема потрошувачка кој овозможува печатење со неверојатни резултати и мали трошоци, независно дали станува збор за документи и фотографии во домот или во канцеларијата.

Придобивки

  • Повеќефункционален безжичен печатач за печатење голем обем на документи и фотографии
  • Во боја: 7.000 страници. Црно-бело: 6.000 страници*
  • Печатење преку Wi-Fi од паметни уреди со апликацијата Canon PRINT и PIXMA Cloud Link.
  • Фотографии од 4x6” без рабови за прибл. 60 секунди
  • Економично печатење на големи количини.

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PIXMA G3400

Поврзано печатење, копирање и скенирање со голем обем


Благодарение на вградениот Wi-Fi, PIXMA G3400 е совршен за користење во домот, домашни канцеларии и мали деловни опкружувања, независно дали печатите документи или фотографии. Нашиот повеќефункционален уред нуди ненадминат обем на работа до 7000 страници во боја и 6000 црно-бели страници*, што значи дека ќе уживате во значителни заштеди и мали трошоци за печатење.

Печатење преку апликацијата Canon PRINT/ Wi-Fi


PIXMA G3400 поддржува поврзување преку Wi-Fi за да печатите од секоја локација на едноставен начин, што значи дека ќе можете да печатите безжично од вашиот компјутер и од паметните уреди преку нашата апликација Canon PRINT. На овој начин не мора да инсталирате нов софтвер за да почнете да печатите.

PIXMA Cloud


Со нашата услуга PIXMA Cloud може да пристапите до онлајн услуги како Google Drive, Evernote, Dropbox и OneDrive. Исто така, знаеме дека социјалните медиуми имаат важна улога во споделувањето информации, па затоа ви овозможивме да печатите од такви веб-страници како Facebook и Instagram.

Мастило со црн пигмент и мастила базирани на боја


Подобрете го квалитетот на материјалите што ги печатите со нашите висококвалитетни мастила со црн пигмент и мастила базирани на боја кои ќе ви помогнат во создавање неверојатно остри текстови и прекрасни живописни слики. Исто така, ќе ви овозможат да печатите фотографии од 4 x 6” без рабови за приближно 60 секунди.

Вградени резервоари со мастило


Дизајнот е во прв план на серијата PIXMA G, а нашите резервоари со мастило поставени на предната страна се менуваат лесно поради што можете да ги следите нивоата на мастилата на едноставен начин, за да не се изненадите доколку снема мастило. Нашиот компактен и елегантен дизајн овозможува целосна интеграција во домот/канцеларијата.

Сигурни компоненти за печатење големи количини


Работевме напорно за да го направиме системот стабилен при печатење големи количини со подобрувањата на нашата глава за печатење FINE и технологија која спречува навлегување воздух во системот на цевки за мастило.

*Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување. Различните потрошувачки на страници не треба да се комбинираат.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PIXMA G3400, неговите функции и можности.

Borderless Printing

Печатење без рабови

High page yield

Печатете голем обем на документи и фотографии

High Ink System

Мастило со црн пигмент и мастила базирани на боја

4800dpi

Печатење на фотографии со висока резолуција

Integrated Ink Tanks

Резервоари за мастило што лесно се дополнуваат

2pl

Микро капки мастило за прецизно печатење

Wireless Printing

Печатете од безжични уреди

Smartphone and Tablet

Печатете од популарните услуги Cloud

  • 3-во-1 печатач - PIXMA G3400
  • 4 резервоари за мастило за голема потрошувачка 
  • Кабел за напојување
  • CD-ROM за поставување (CD само за Windows)
  • Упатства и други документи