Печатачи за во домот

Canon PIXMA iP7250

Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi, овој печатач за фотографии со високи перформанси е совршен за брзо и висококвалитетно печатење.

Придобивки

  • Фото печатач со 5 мастила, високи перформанси и Wi-Fi

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

  • Нископрофилен дизајн со вградени фахови за хартија

  • Печатење од мобилен телефон и Apple AirPrint

  • Софтвер My Image Garden

  • Директно печатење на диск и автоматско двострано печатење

  • Печатете повеќе со изборните XL мастила

Детални карактеристики

  • Високи перформанси, стилски дизајн

    Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi и 5-те одделни резервоари за мастило, овој фото печатач со високи перформанси е совршен за брзо и висококвалитетно печатење на фотографии, документи и CD дискови. До него можете лесно да пристапите од сите места во домот, па дури и преку мобилните уреди. Новото стилско и нископрофилно куќиште со излезен фах со самостојно отворање значи дека е идеален, доколку имате ограничен слободен простор.

  • Можност за поврзување на Smartphone уред и таблет уред

    Можноста за поврзување преку Wi-Fi и апликацијата Canon PRINT овозможуваат едноставно печатење преку вашите паметни телефони и таблет-уреди, од речиси секаде во домот. Тука е и функцијата за директно печатење на фотографии, e-mail пораки, веб-сајтови и други документи од уредите од Apple, како iPhone, iPad и iPod touch, со помош на Apple AirPrint.

  • Напредно управување со медиуми

    Двете целосно интегрираните касети за хартија овозможуваат истовремено полнење на две различни големини и видови на хартија. Со функцијата за директно печатење на диск можете да дизајнирате и печатите ознаки директно на компатибилни Blu-ray disc, CD и DVD дискови, како и да создавате усогласени насловни страници за полесно организирање и споделување со семејството и пријателите.

  • Покреативно печатење на фотографии

    Сега уште полесно и побрзо може да печатите фотографии со My Image Garden и да го искористите целосниот потенцијал на вашиот PIXMA. Спомените ќе станат уште пореалистични благодарение на неговите можности за организирање на фотографии, вклучувајќи и препознавање на лица, кои ќе ви овозможат лесно да ги пронајдете сите фотографии во вашиот компјутер, дури и оние кои одамна не сте ги погледнале, а потоа ќе ги искомбинира во прекрасен колаж за печатење. Со апликацијата Print Your Days може да подредувате и печатите фотографии директно од Facebook.

  • Брзо печатење

    Овој фото печатач е опремен со врвна глава на печатач со резолуција од 9600dpi и капки на мастило од 1pl, за добивање на одлични детали и брзо печатење на документи и слики во домот. Тој се одликува со голема ISO ESAT брзина на печатење на A4 документи од 15 слики/мин. во црно-бело и 10 слики/мин. во боја, а може да испечати фотографија без рабови од 10x15cm со исклучителен фото-лабораториски квалитет за прибл. 21 секунда.

  • Заштедете хартија и енергија

    Автоматскиот двостран режим (автоматско двострано печатење) истовремено заштедува хартија и печати документи со професионален изглед. Заштедете енергија со автоматското вклучување/исклучување, кое автоматски го исклучува печатачот по одреден временски период и повторно го вклучува кога ќе започнете да печатите.

  • Печатете повеќе со помали трошоци

    Намалете ја потрошувачката и печатете поефикасно со помош на одделните резервоари за мастило, кои ви овозможуваат да ја смените само бојата која се потрошила. Со XL мастилата може да заштедите пари, бидејќи со нив може да испечатите 2,2 повеќе страници отколку со стандардните мастила пред да биде потребно да ги замените – совршено доколку постојано печатите.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Печатете директно на дискови

  • Автоматско двострано печатење

  • Безжично користење и споделување

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Едноставен креативен софтвер

  • Печатете слики од вашите видео снимки

  • Печатење на фотографии од Facebook

  • Изборни мастила за голема потрошувачка