Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG2550S

Компактен сè-во-едно уред за печатење, скенирање и копирање во боја за секојдневна употреба во домот.

Придобивки

  • Копирање, печатење и скенирање со достапен сè-во-едно уред

  • Брзо печатење документи и фотографии

  • Висококвалитетни отпечатени материјали

  • Добијте инспирација за печатење со CREATIVE PARK PREMIUM

  • Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL мастила

Детални карактеристики

  • Печатење, скенирање, копирање – печатење во домот на едноставен начин

    Идеален сè-во-едно уред за во домот кој ви нуди печатење, скенирање и копирање документи и фотографии со голема брзина, без намалување на квалитетот. PIXMA MG2550S од Canon е стилски, компактен и соодветен за поставување на маса, нуди практично користење и моќни функции за сите домашни корисници.

  • Достапен уред, врвен квалитет за печатење

    PIXMA MG2550S од Canon нуди неверојатна вредност за парите: достапен печатач за во домот кој создава документи и фотографии со извонреден квалитет. Технологијата за картриџи FINE овозможува создавање на длабоки црни тонови, живописни бои и неверојатно ниво на детали.

  • Помали трошоци по страница до 30%

    Со користење на изборните XL картриџи за мастило со голем капацитет од Canon, можете да ги намалите трошоците по страница до 30% во споредба со нивните стандардни еквиваленти. Добијте повеќе страници по картриџ и користете ги картриџите подолго време пред да ги замените. PIXMA MG2550S од Canon не создава огромни трошоци.

  • Бидете креативни

    Организирајте ги и печатете ги вашите фотографии на едноставен начин со функциите за препознавање лице на апликацијата My Image Garden. CREATIVE PARK PREMIUM отвора нов свет на креативни можности со својот избор на дизајни од професионални уметници, кои ќе можете да ги користите како поштенски картички, календари, роденденски честитки и многу повеќе.

  • Вградени функции за заштеда на енергија

    Трошете помалку енергија со автоматското вклучување/исклучување на напојувањето. Притиснете го копчето за печатење на вашиот лаптоп и гледајте како печатачот веднаш го исклучува режимот за заштеда на енергија и се подготвува за печатење, дури и без да го вклучите.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Се вклучува кога ќе започнете да печатите

  • Речиси бесшумно печатење во домот

  • Едноставен креативен софтвер

  • Интелигентно печатење од интернет

Што содржи кутијата

  • All-In-One printer – Canon PIXMA MG2550S

  • FINE Cartridges

  • Power cord

  • Setup CD-ROM (CD only for Windows – Mac drivers available online)

  • Manuals and other documents