Canon PIXMA MG3550

PIXMA MG3550

Стилски и компактен "сè-во-едно" уред со Wi-Fi за споделување и користење од секое место во домот. Одликувајќи се со брзо и висококвалитетно печатење, копирање и скенирање, тој нуди поддршка и за Google Cloud Print и Apple AirPrint.

PIXMA MG3550

Придобивки

  • Компактен и стилски Wi-Fi "сè-во-едно" уред: печатење, копирање и скенирање за во домот
  • Печатете и скенирајте преку вашиот smartphone уред или таблет уред со апликацијата PIXMA Printing Solutions
  • Поддршка за Google Cloud Print и Apple AirPrint
  • Изборните XL картриџи за мастило овозможуваат повеќе печатење со помали трошоци
  • Испечатени материјали со врвен квалитет до 4800dpi и FINE технологија на картриџи

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PIXMA MG3550

Компактен, безжичен "сè-во-едно" уред


Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi, овој "сè-во-едно" уред овозможува едноставно печатење од компјутер и мобилни уреди, додека стилскиот и компактен FastFront дизајн го поедноставува полнењето на хартија и замената на мастила – ова е идеален печатач, копир и скенер за секојдневна употреба.

Можност за поврзување на smartphone уред и таблет уред


Преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions од Canon за да вршите печатење и скенирање преку вашиот smartphone уред или таблет уред и добијте далечински пристап до разни информации за печатачот како на пр. упатството за користење од интернет или моменталните нивоа на мастило. Исто така, достапна е и поддршка за Apple AirPrint. Освен тоа, опцијата за автоматско вклучување автоматски ќе го вклучи печатачот кога ќе започнете да печатите.

Печатете речиси од секаде


Google Cloud Print овозможува поврзување на вашиот печатач директно на интернет, така што вие ќе можете да печатите Google Docs, e-mail пораки, фотографии и прикачени PDF фајлови речиси од секаде. Фајловите се испраќаат до печатачот преку интернет на безбеден начин, без разлика дали се наоѓате во истата просторија каде што е сместен печатачот или на друг континент.

Брзо, квалитетно печатење


Системот на картриџи FINE со резолуција на печатење до 4800dpi обезбедува високо ниво на детали. Одликувајќи се со голема брзина на печатење на A4 документи од 9,9 црно-бели слики/мин. и 5,7 слики во боја/мин., тој исто така печати 10x15 cm фотографија без рабови за прибл. 44 секунди. Совршен за брзо, квалитетно печатење на документи и слики во домот.

Заштедете пари на мастило и хартија


Печатете повеќе со помали трошоци. Неверојатно економичните XL картриџи нудат значително поголем обем на печатење отколку стандардните еквиваленти, овозможувајќи поголеми временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеално доколку постојано печатите - обезбедувајќи ви заштеди до 50% по страница. Автоматското 2-страно печатење ја намалува количината на хартија која ја користите и создава двострани документи со професионален изглед.

Софтвер My Image Garden


Едноставен софтвер, кој ви го нуди целосното PIXMA доживување, со решенија за организирање и печатење на вашите фотографии, скенирање и пристап до интернет услуги. Напредните функции, како препознавањето на лица, го олеснуваат пребарувањето на сите фотографии во вашиот компјутер и пронаоѓањето на саканите.

Бидете креативни со CREATIVE PARK PREMIUM


Оваа интернет услуга ви овозможува да преземате и печатите фотографии, илустрации и уметнички дизајни, а исто така и да направите прекрасни картички со професионален изглед, календари или неверојатни 3D модели од хартија.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PIXMA MG3550, неговите функции и можности.

Convenient and easy to replace

Практична и едноставна замена

High resolution photo printing

Печатење на фотографии со висока резолуција

Optional high yield inks

Изборни мастила за голема потрошувачка

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

PIXMA Printing Solutions app

Апликација PIXMA Printing Solutions

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Turns on when you start printing

Се вклучува кога ќе започнете да печатите

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MG3550
  • FINE патрони
  • Кабел за напојување
  • CD-ROM за поставување
  • Упатства и други документи