PIXMA MG3650
Поврзете се лесно со паметни уреди и Cloud услуги користејќи го овој компактен сè-во-едно уред со Wi-Fi. Уживајте во брзо и висококвалитетно печатење , копирање и скенирање со можност за 2-страно печатење и користење на изборните XL картриџи.
Придобивки
- Создавајте и печатете прекрасни фотографии без рабови
- Печатете од и скенирајте кон вашиот паметен телефон или таблет-уред.
- Поврзете се лесно со просторот за складирање Cloud со PIXMA Cloud Link
- Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL картриџи за мастило
- Забавувајте се додека создавате персонализирани честитки
Детални карактеристики
Погледнете подетални информации за Canon PIXMA MG3650
Поврзување, печатење, копирање и скенирање на начин кој ви одговара со овој сè-во-едно уред со Wi-Fi кој нуди брзо и висококвалитетно печатење без рабови
Печатете неверојатни фотографии без рабови со високи нивоа на детали, како и документи со професионален изглед и остар текст - благодарение на системот на картриџи FINE од Canon и резолуцијата на печатење од 4.800 dpi. Со ISO ESAT брзини од 9,9 црно-бели слики/мин. и 5,7 слики/мин. во боја, печатењето фотографии од 10 x15 cm без рабови трае приближно 44 секунди.
Печатете и скенирајте без напор преку паметни уреди со апликацијата за печатење од Canon - вградениот режим на пристапна точка ја елиминира потребата од поврзување на интернет
Печатачот може да се поврзе и користи со паметни телефони. Само преземете ја апликацијата за печатење од Canon и ќе можете да печатите и скенирате преку вашиот паметен телефон или таблет-уред, а ќе добиете и директен пристап до Cloud услугите. Вградениот режим на пристапна точка создава ад-хок безжична мрежа - за да можете да печатите и скенирате директно без да се поврзете на Wi-Fi мрежа или да користите интернет.
Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со PIXMA Cloud Link
Со подобрениот PIXMA Cloud Link можете да печатите фотографии за неколку секунди од Facebook, Instagram и онлајн фотоалбуми. Печатете/скенирајте документи од услуги на Cloud како GoogleDrive, OneDrive и Dropbox. Можете дури и да прикачувате и испраќате скенирани датотеки/слики директно преку е-пошта - без да користите компјутер.
Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL картриџи за мастило и автоматското 2-страно печатење на документи
Уживајте во минимален отпад и максимални заштеди. Печатете повеќе страници за вашите пари со намалување на трошоците до 50% кога ги користите изборните XL картриџи за мастило и заштедете хартија со автоматското 2-страно печатење.
Забавувајте се додека создавате персонализирани честитки, календари и многу повеќе со Easy-PhotoPrint+
Забавувајте се додека ја истражувате вашата креативност со Easy-PhotoPrint+. Дизајнирајте и печатете честитки, колажи со фотографии и многу повеќе на едноставен начин со помош на оваа интернет услуга, користејќи сопствени слики од таблет-уред, компјутер или Cloud.
Спецификации за производот
Дознајте повеќе за Canon PIXMA MG3650, неговите функции и можности.
Безжично користење и споделување
Апликација PRINT Inkjet/SELPHY од Canon
Автоматско двострано печатење
Изборни мастила за голема потрошувачка
Печатење и скенирање кон Cloud услуги
Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред
Печатење на фотографии со висока резолуција
Печатете фотографии без рабови
Печатење преку Cloud
Печатачите PIXMA кои поддржуваат Cloud ви нудат слобода за печатење од онлајн услуги на Cloud, директно од вашиот паметен уред.