Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG4250

Напреден и компактен сè-во-едно печатач со автоматско двострано печатење, екран во боја и поврзување преку Wi-Fi.

Придобивки

  • Напреден Wi-Fi "сè-во-едно" уред

  • Функции за печатење, копирање и скенирање

  • PIXMA Cloud Link

  • Печатење од мобилен телефон и поддршка за Apple AirPrint

  • Печатете повеќе со изборните XL мастила

  • Заштедете хартија со автоматското двострано печатење

  • Брзо печатење на документи и фотографии

  • Софтвер My Image Garden

Детални карактеристики

  • PIXMA Cloud Link

    Добијте повеќе од вашиот печатач кој нуди можност за директно печатење од интернет. Печатете фотографии за неколку секунди од image.canon без да користите компјутер. Изработувајте календари, преземајте стационарни и други шаблони директно од PIXMA Cloud.

  • Можност за поврзување на Smartphone уред и таблет уред

    За да добиете уште поголема флексибилност, можно е да печатите, па дури и да скенирате преку вашиот паметен телефон или таблет-уред низ вашиот дом, со помош на апликацијата Canon PRINT. Благодарение на поддршката за Apple AirPrint, ќе можете безжично да печатите фотографии, e-mail пораки, веб-страници и други документи од вашиот iPhone, iPad и iPod touch.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе со помали трошоци. XL картриџите нудат значително поголем обем на печатење отколку нивните стандардни еквиваленти, обезбедувајќи поголеми временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеално доколку постојано печатите. Неверојатно економичните XL FINE картриџи можат да ви понудат заштеда до 50% по страница.

  • Креативен софтвер

    Внесете реалистичност во спомените, користејќи ги можностите за организирање на фотографии од софтверот My Image Garden, кој овозможува препознавање на лица и креативно комбинирање на фотографии кои сакате да ги печатите. Исто така, овој едноставен софтвер овозможува лесно скенирање, создавање на PDF фајлови и пристап до интернет услуги. Апликацијата Print Your Days ви овозможува да печатите фотографии директно од Facebook.

  • Заштедете хартија и енергија

    Автоматското двострано печатење ја намалува количината на хартија која ја користите и создава двострани документи со професионален изглед. Опцијата за автоматското вклучување автоматски го вклучува печатачот кога ќе започнете да печатите, а опцијата за автоматско исклучување го исклучува печатачот доколку не се користи одреден временски период – со што заштедувате енергија.

  • Брзо, квалитетно печатење

    Системот на картриџи FINE со капки мастило од мин. 2pl и резолуцијата на печатење до 4800dpi обезбедуваат високо ниво на детали. Одликувајќи се со голема брзина на печатење на ISO ESAT A4 документи од 9,9 црно-бели слики/мин./5,7 слики во боја/мин., тој печати една копија во боја од A4 формат за прибл. 20 секунди. Совршен за брзо, квалитетно печатење на документи и слики во домот.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Практичен екран во боја

  • Безжично користење и споделување

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Автоматско двострано печатење

  • Печатач со можност за поврзување на интернет

  • Вграден читач на картички

  • Скенирање со висока резолуција

  • Печатење на фотографии од Facebook

  • Едноставен креативен софтвер