Canon PIXMA MG5700 Series

PIXMA MG5700 Series

Печатење и скенирање без напор преку паметни уреди и преку Cloud. Забавувајте се додека создавате прекрасни слики и документи со овој разновиден и практичен сè-во-едно уред со 5 мастила.

PIXMA MG5750

Придобивки

  • Доловете ги драгоцените моменти со печатење на висококвалитетни материјали
  • Лесно поврзување со вашиот паметен телефон или таблет-уред
  • Печатете од и скенирајте кон популарните Cloud услуги
  • Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL мастила
  • Екран во боја за едноставна употреба и навигација

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PIXMA MG5700 Series

Лесно поврзување, печатење, скенирање и копирање во домот со помош на овој достапен и висококвалитетен сè-во-едно уред со 5 мастила


Лесно поврзување, печатење, копирање и скенирање во домот со помош на овој достапен сè-во-едно уред со Wi-Fi. Фотографиите ќе бидат исполнети со високи нивоа на детали, подлабоки црни тонови и поживописни црвени тонови - благодарение на 5-те единечни мастила, технологијата FINE од Canon и резолуцијата на печатење од 4.800dpi. ISO ESAT брзините од 12,6 црно-бели слики/мин. и 9,0 слики/мин. во боја ви овозможуваат да создавате прекрасни отпечатени материјали од 10 x15 cm за приближно 41 секунда

Печатете и скенирајте од паметни уреди на брз и едноставен начин со апликацијата Canon PRINT и Wi-Fi Direct®


Само преземете ја апликацијата за печатење од Canon и ќе можете да печатите и скенирате преку вашиот паметен телефон или таблет-уред без напор, а ќе добиете и директен пристап до Cloud услугите. Нема потреба да користите безжичен рутер, интернет врска или лозинка со режимот Wi-Fi Direct®, кој создава ад-хок безжична мрежа

Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link


Со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link може да печатите фотографии за неколку секунди од Instagram, Facebook и Flickr и да печатите документи од популарните Cloud услуги, како што се GoogleDrive, OneDrive, а ќе можете да пристапите и до SlideShare*. Лесно вчитувајте скенирани документи и фотографии Easily на GoogleDrive, OneDrive, а отсега и на OneNote**

Менувајте ја само бојата која ќе се потроши благодарение на одделните резервоари за мастило. Заштедете со изборните XL мастила и автоматското 2-страно печатење


Уживајте во минимален отпад и максимални заштеди. Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила и штедите хартија со автоматското 2-страно печатење.

Контрола, приказ и поврзување на едноставен начин преку големиот екран во боја од 6,2 cm со кристално јасен приказ


Контролирајте, прикажете и поврзете се на едноставен начин. Големиот екран во боја од 6,2 cm нуди кристално чист приказ, без разлика дали избирате функции, прегледувате слики или користите Cloud услуги. Згора на тоа, нема да чекате долго за да започнете да печатите благодарение на автоматското вклучување.


*SlideShare е заштитен знак на SlideShare, Inc.
**Опциите за скенирање кон услугата Cloud и скенирање кон е-пошта се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PIXMA MG5700 Series, неговите функции и можности.

Only change the ink which runs out

Променете го само мастилото кое се потрошило

4800 dpi

Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

Optional high yield inks

Изборни мастила за голема потрошувачка

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Print from and scan to the cloud

Печатење и скенирање кон Cloud услуги*

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

Canon PRINT Inkjet/SELPHY app

Апликација PRINT Inkjet/SELPHY од Canon

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

  • Сè-во-едно печатач - PIXMA серија MG5700
  • Резервоари за мастило за поставување
  • Кабел за напојување
  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)
  • Упатства и други документи

AirPrint-Printers

Безжично печатење

Со Wi-Fi може да печатите од паметни телефони и таблет-уреди.

Печатење преку Cloud

Печатачите PIXMA кои поддржуваат Cloud ви нудат слобода за печатење од онлајн услуги на Cloud, директно од вашиот паметен уред.

Cloud-Printers

Учи и истражувај

Водичи

Околу достапноста на карактеристиките ве молиме погледнете ги спецификациите на конкретниот производ

Печатење преку Cloud

PIXMA-CLOUD-MAIN-FILM-Image

Печатење преку Cloud

Овој водич објаснува како да го подесите PIXMA Cloud Link кој ви овозможува пристап и печатење на вашите документи и фотографии од популарните Cloud услуги, директно од паметен телефон, таблет уред или екранот на вашиот печатач.

Погледни видео запис

За почеток

getting-started-image

За почеток

Овој кус видео запис ја претставува серијата PIXMA MG на пошироката публика. Преку помошта на млад демонстратор во неговата "домашна канцеларија", видео записот ќе нè запознае со основните функции.

Погледни видео запис

Бидете креативни

be-creative-image

Бидете креативни

Овој кус видео запис се состои од 4 дела и во секој од нив различен демонстратор ни покажува колку е едноставно користењето на функциите и софтверот на уредите PIXMA за подобрување на креативниот живот во домот.

Погледни видео запис

Поврзете се

Get Connected-image

Поврзете се

Овој кус видео запис се состои од 5 дела и во секој од нив различен демонстратор ни покажува колку е едноставно печатењето и скенирањето со помош на популарните паметни телефони или таблет уреди, со користење на безжичен PIXMA печатач.

Погледни видео запис