Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG6450

"Сè-во-едно" фото печатач со високи перформанси, 5 мастила и напредно поврзување преку Wi-Fi за директно печатење од паметни уреди и Cloud. Стилски, компактен и лесен за ракување, тој нуди врвен квалитет на печатење.

Придобивки

  • Стилски "сè-во-едно" фото уред со високи перформанси, Wi-Fi, печатење, копирање и скенирање

  • Директно печатење од Cloud преку екранот на печатачот од онлајн албуми, социјални мрежи и Cloud мемориски простор

  • Без напори печатете и скенирајте од паметните уреди преку Wi-Fi мрежа или интернет

  • Преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions и далечински управувајте со вашиот печатач

  • Едноставно печатење на фотографии со екран во боја од 7,5cm, читач на мемориски картички и безжичен PictBridge

Детални карактеристики

  • "Сè-во-едно" уред со високи перформанси

    Овој "сè-во-едно" печатач со високи перформанси, со стилска сјајна завршница, располага со напреден систем со 5 мастила и нуди брзо висококвалитетно печатење, копирање и скенирање, како и функции за пристап до Cloud. Тој е дизајниран за безжично користење и споделување во вашиот дом и далечински од мобилните уреди.

  • Придружник на фотоапаратот

    Благодарение на вградениот читач на мемориски картички и Pictbridge за безжични LAN мрежи, вие ќе можете лесно да печатите фотографии директно од мемориски картички, како и од компатибилни безжични фотоапарати. Исто така, можете да скенирате документи и фотографии на мемориската картичка. Големиот екран од 7,5cm го олеснува прегледувањето на избраните функции и сликите.

  • Печатење преку Cloud

    Печатете директно од интернет, со напредната опција PIXMA Cloud Link. Печатете фотографии за неколку секунди од Facebook, twitter и онлајн албуми како image.canon или печатете документи од услугите Cloud како Evernote и Dropbox директно од големиот екран за печатење. Изработувајте календари, преземајте стационарни и други шаблони директно од PIXMA Cloud.

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    За да добиете уште поголема флексибилност, вашиот печатач можете да го контролирате директно преку паметен уред. Преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions од Canon за да вршите печатење и скенирање преку вашиот smartphone уред, како и преку услугите Cloud. Со оваа апликација ќе можете дури и да го проверите статусот на печатачот, упатството за користење или нивоата на мастило. Исто така, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и Google Cloud Print.

  • Извонредни испечатени материјали со единечните мастила

    Благодарение на системот со 5 единечни мастила вие ќе треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши - правејќи го печатењето поефикасно. Наменските мастила за црна боја за документи и црна боја за фотографии, како и технологијата FINE од Canon и резолуцијата на печатење до 4800dpi овозможуваат добивање на остар текст и слики со високо ниво на детали.

  • Брзо печатење

    Идеален за брзо и квалитетно печатење во домот, тој се одликува со голема брзина на печатење A4 документи од 15,0 црно-бели слики/мин. / 9,7 слики во боја/мин. и овозможува печатење на фотографии без рабови од 10x15 cm за прибл. 44 секунди.

  • Заштедете пари на мастило и хартија

    Изборните XL мастила овозможуваат печатење на повеќе страници отколку со стандардните мастила - што значи поретко менување на мастилата - обезбедувајќи ви заштеди до 30% по страница. Автоматското 2-страно печатење ја намалува количината на хартија која ја користите и создава двострани документи со професионален изглед.

  • Софтвер My Image Garden

    Едноставен софтвер со решенија за организирање и печатење на вашите фотографии, скенирање и пристап до интернет услуги. Напредните функции, како препознавањето на лица, го олеснуваат пребарувањето на фотографиите во вашиот компјутер и пронаоѓањето на саканите.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Автоматско двострано печатење

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација PIXMA Printing Solutions

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Печатете директно од Cloud

  • Вграден читач на картички

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач - PIXMA MG6450

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи