Печатачи за во домот

Canon Серија MG6800 PIXMA

Сè-во-едно печатач со систем со 5 мастила и Wi-Fi што овозможува лесно печатење на висококвалитетни материјали.

Придобивки

  • Печатете, копирајте и скенирајте со неколку допири на големиот екран на допир

  • Печатење висококвалитетни фотографии директно од фотоапарат или мемориска картичка

  • Лесно поврзување со вашиот паметен телефон или таблет-уред

  • Печатете од и скенирајте кон популарните Cloud услуги

  • Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL мастила

Детални карактеристики

  • Печатете, копирајте и скенирајте со само неколку допири на големиот екран на допир со помош на овој сè-во-едно уред за во домот со високи перформанси

    Уживајте во чувство на класа. Печатете, копирајте, скенирајте и пристапувајте до Cloud со едноставна контрола слична како кај паметните телефони со помош на овој сè-во-едно уред за во домот со високи перформанси. Големиот екран на допир во боја од 7,5 cm нуди брза и едноставна навигација низ менијата, избирање функции, прегледување слики и користење Cloud услуги.

  • Печатете извонредни фотографии директно од мемориски картички и фотоапарати со технологијата FINE на Canon, резолуцијата на печатење од 4.800dpi и 5 единечни мастила

    Лесно печатете извонредни фотографии исполнети со подлабоки црни тонови, поживописни црвени тонови и високи нивоа на детали, директно од мемориски картички и компатибилни безжични фотоапарати - благодарение на 5-те единечни мастила, технологијата FINE на Canon и резолуцијата на печатење од 4.800dpi. ISO ESAT брзините од 15,0 црно-бели слики/мин. и 9,7 слики/мин. во боја ви овозможуваат да печатите фотографии од 10x15 cm без рабови за приближно 41 секунда.

  • Печатете и скенирајте од паметни уреди на брз и едноставен начин со апликацијата Canon PRINT и Wi-Fi Direct®

    Само преземете ја апликацијата за печатење од Canon и ќе можете да печатите и скенирате преку вашиот паметен телефон или таблет-уред без напор, а ќе добиете и директен пристап до Cloud услугите. Нема потреба да користите безжичен рутер, интернет врска или лозинка со режимот Wi-Fi Direct®, кој создава ад-хок безжична мрежа

  • Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link

    Со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link може да печатите фотографии за неколку секунди од Instagram, Facebook и Flickr и да печатите документи од популарните услуги на Cloud како што е GoogleDrive. Лесно вчитувајте скенирани документи и фотографии на GoogleDrive, а отсега и на OneNote.

  • Менувајте ја само бојата која ќе се потроши благодарение на одделните резервоари за мастило. Заштедете со изборните XL мастила и автоматското 2-страно печатење

    Уживајте во минимален отпад и максимални заштеди. Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила и штедите хартија со автоматското 2-страно печатење.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Голем екран на допир

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • Вграден читач на картички

  • Апликација PRINT Inkjet/SELPHY од Canon

  • Автоматско двострано печатење

Што содржи кутијата

  • Сè-во-едно печатач - PIXMA серија MG6800

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи